Албанската опозиција го спречи претседателот Бегај да се обрати во Парламентот, мнозинството ги изгласа новите министри

January 15, 2024
1 min read

Новата година не ја смени стратегијата на опозициските демократи и на првата пленарна седница на албанскиот Парламент, објави Топ чанел.

– Блокирањето на собраниската говорница продолжи доцна попладнево, не само пред владејачките социјалисти, туку и пред британскиот и германскиот амбасадор, кои, преку социјалните мрежи, претходно, ги повикаа политичките партии на дијалог, додава телевизијата.

Истата цел ја имаше и претседателот на државата, Бајрам Бегај, на стартот на новата парламентарна сесија, но кога дојде во Собранието, опозициските пратеници не му дозволија да се обрати, блокирајќи ја говорницата, со свирење а држеа и транспаренти со обвинувања дека на опозицијата и се ускратува секое право.

На претседателката на Парламентот Лундита Никола не и преостана ништо друго освен да му се извини на Бегај.

– Претседателот дојде како понизен слуга на Еди Рама да ги благослови измените на законот кои се насилни врз опозицијата, измените на законот со кои на опозицијата и се одземаат сите уставни права. Дојде како министер за пропаганда. Денеска јасно се виде, пред сите Албанци дека претседателот на Републиката не е обединувачки фактор, изјави Фламур Нока, кој по мерката домашен притвор за Сали Бериша, го предводи побројното крило на демократите.

Против измените во регулативата на Собранието со суспендирање на пратеници до два месеци, во случај на употреба на пиротехнички средства или физичко насилство, демократските пратеници димните бомби ги заменија со свирчиња, кои ги користеа не само внатре туку и надвор од салата.

И покрај хаосот, владејачкото мнозинство ги одобри промените во Владата, разрешувањето на министерката за култура Елва Маргарити и назначувањето на Бленди Гонџа за прв човек на Министерството за економија, култура и иновации; преполовувајќи ја функцијата на Ервин Мете само како министер за финансии.

Аплаузот на социјалистите ги задушија извиците преполни со навреди од опозицијата, освен групата на Баша, која беше незаинтересирана што се случува, зборувајќи на телефони среде целата таа врева. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На чекањето и хаосот за лични документи не му се гледа крајот

Следно

Драма на Закинтос: Наместо вода, од чешмите тече нафта, луѓето бараат вонредна состојба

Latest from Blog

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во
Go toTop