Левица: Етничките вработувања не престануваат, ДУИ ја приватизира државата

January 15, 2024
1 min read

Етничките вработувања не престануваат, a ДУИ ја приватизира царина, но и други институции и министерства. Ја потсетуваат јавноста дека Левица се залага за поништување на Охридскиот Рамковен договор и вработувања под етнички клуч, што според нив е извор на меѓуетничка омраза во Македонија.

– Огромиот број на предизборни огласи за вработувања во државните институции продолжува. Криминогеното владеачко дуо на СДС-ДУИ ги партизира сите пори на државниот апарат преку вработувања на партиски послушници во институции од секаков тип: Министерства, општини, фондови, управи, јавни претпријатија, државни инспекторати, јавни здравствени установи, казнено поправни домови, основни училишта, градинки за да пробаат да го ублажат поразот на следните избори.

Се разбира согласно нелегалниот Рамковен договор овие вработувања не се водат по објективен мерит систем туку под етнички клуч, односно ДУИ како пар екселанс пример за картел партија ја користи позицијата на уценување за укотвување на своите партиски кадри, согласно тоа дури 40% огласи се за граѓани од Албанска припадност. Типичен пример за оваа рамковна тиранија е ситуацијата во Царинската управа каде што има нови 15 огласи за вработувања од кои 13 места се „чуваат“за граѓани од Албанското малцинство, едно место за турското малцинство и едно место за ромското малцинство, со што, практично ДУИ ја приватизира Царинската управа, додаваат оттаму.

Од партијата потсетуваат дека се залагаат за поништување на Охридскиот Рамковен договор и вработувања под етнички клуч како извор на меѓуетничка омраза во Републиката, каде што не се вработува лице согласно неговите квалификации туку по етнички клуч што воедно претставува и навреда за вработените кои се вработени на овој начин, не според заслугите туку според етничноста.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СИПА во Мостар врши претрес на приватни факултети поради издавање фалсификувани дипломи

Следно

Како не сфаќаат дека тие се следни?

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop