Неформален состанок на министрите за животна средина на ЕУ во Брисел

January 15, 2024
1 min read

Климатското приспособување и отпорност, улогата на циркуларната економија во справувањето со климатската криза и спроведувањето на праведната транзиција ќе бидат главни теми на дводневниот неформален состанок на министрите за животна средина за земјите членки на ЕУ што денеска и утре ќе се одржи во Брисел. 

Како што соопшти Европската комисија, на неформалниот министерски состанок ќе присуствуваат и еврокомесарите за климатска акција и за животна средина, океани и рибарство, Вопке Хукстра и Виргинијус Синкевичиус. 

Во текот на денешниот ден Хукстра и европските министри за животна средина ќе дискутираат за климатското приспособување и отпорност, како и за можностите на ЕУ за справување со идните климатски ризици.  

За време на работниот ручек, учесниците на состанокот ќе дискутираат за климатските цели и политики на ЕУ, имплементацијата на договорот од Самитот за климата КОП28, за законодавството поврзано со Зелениот договор, како и за намалувањето на емисиите на штетни гасови до 2040 година.  

Во попладневниот дел од заседанието дебатата ќе биде посветена на усогласување на Политичката рамка за праведна транзиција прилагодена на иднината. 

Утре, пак, еврокомесарот Синкевичиус и министрите ќе расправаат за суштинската улога на циркуларната економија во остварувањето на целите за климатска неутралност на ЕУ, обнова на биолошката разновидност и остварување на нулто ниво на загадување.  

Дебатата ќе се фокусира на активностите на Унијата за забрзување и зајакнување на зелената транзиција и одржливо управување со ресурсите врз основа на напредокот постигнат согласно Планот на ЕУ за циркуларна економија и Регулативата за екодизајн на одржливи производи. 

Согласно правилата на ЕУ, неформалните состаноци се средби на кои само се разгледуваат одредени прашања и се дебатира по нив, но не се носат никакви одлуки. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Драматично на Исланд – Лавата влезе во Гриндавик и голта се пред себе

Следно

Пожари на отворено има и покрај студот, се гаселе запалени оџаци, 1.642 повика за итни случаи

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop