Според извештајот насловен „Тенденција на иселување од Косово по визната либерализација: Влијание врз работната сила“, секторите кои најмногу ќе бидат погодени од заминувањето на работници се градежништвото, гастрономијата, трговијата и производството.
„Секторите кои се очекува да бидат најмногу погодени од заминувањето на вработените на краток и среден рок се градежништвото (18,7 отсто), угостителството и гастрономијата (18,7 отсто), трговијата (18,1 отсто) и преработувачката индустрија (12,9 отсто).
Ова се секторите со најголем број вработени и каде продуктивноста на вработените е висока, но платите и понатаму остануваат ниски.
Во извештајот, меѓу другото, се наведува дека се очекува зголемување на платите во овие сектори во однос на другите сектори, додека 27 отсто од испитаниците изјавиле дека нивните плати се зголемиле во 2023 година.
Причините за напуштање на Косово, кои испитаниците ги навеле во анкетата спроведена во декември минатата година, се главно економски.
Дестинации за миграција се Германија (71,4 отсто), Швајцарија (11,7 отсто) и Австрија (5,3 отсто).
Мнозинството граѓани кои планираат да емигрираат се лица со завршено само средно образование (57,7 проценти).
ГАП објави дека од 2012 до 2022 година од Косово се иселиле над 338.000 граѓани.
Извор: kanal5.com.mk