Ни на небо, ни на земја

January 12, 2024
3 mins read

Нема празници за вработувања во администрација, нови огласи за над 500 луѓе

Нема празник-делник кога се работи за вработување. На почетокот на годината најголем работодавец е Владата. Повеќе од 500 административци се бараат на огласите распишани во последните денови од минатата и во првите од годинава, покажуваат податоците на Агенцијата за администрација.

Платите зависат од работната позиција, па се нудат работни места и за минимална плата, а во некои институции платите достигнуваат и од неколку десетици илјади денари.

Опозицијата обвинува за предизборен поткуп, а власта, пак, вели дека има реална потреба од нов кадар во јавната администрација, како и дека треба да им се даде вработување на неопределено на оние административци кои со години не им е решен статусот.

ИНФОГРАФИКА - Истражување: Што е најважно кога се бара работа?

ИНФОГРАФИКА – Истражување: Што е најважно кога се бара работа?

Кој е кочничарот?

По којзнае кој пат холандскиот амбасадор во Северна Македонија, Дирк Јан Коп, не’ искара за реформите. Овој пат на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сериозната забелешка беше за владеењето на правото, а во однос на критиките за притисоци кон Врховниот суд: „По двегодишен постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар“. Власта веднаш го крена гардот. За шефот на дипломатијата и потпретседател на ДУИ, „олигархијатата, а не политиката е виновна за пад на владеење на правото“. Премиерот Димитар Ковачевски за коментарите на Коп, пак, рече: „Ако некој бил под притисок, тоа треба да го каже со име и презиме“.

Средба на холандскиот амбасадор во Северна Македонија Дирк Јан Коп со лидерот на ДУИ, Али Ахмети

Средба на холандскиот амбасадор во Северна Македонија Дирк Јан Коп со лидерот на ДУИ, Али Ахмети

И децата со проблеми

Голем дел од учениците заминаа на зимски распуст без да ги имаат пред себе сите учебници за актуелната 2023/24 учебна година. И новата учебна година започна со стари проблеми, како и во изминатите две, сите учебници не беа испорачани навреме и покрај редовните најави од министерот за образование и наука Јетон Шаќири дека „учебниците ќе се испорачаат следната недела или до крајот на месецот“.

„Ова е хорор филм, толку реформи, а учебници нема. Па, во наше време не беше вака. Се снаоѓаме на интернет, со помошни материјали, но ова досега не сум го видела да се остане цела година без учебници е преседан“, вели Емилија Пеева, мајка на шестоодделенец од скопското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопски Аеродром.

Инфографика - Колку ќе го чини четиричлено семејство промената во НМК

Инфографика – Колку ќе го чини четиричлено семејство промената во НМК

Се чека и за пасоши, лични карти…

Граѓани, компании, судови, нотарски канцеларии, матични служби и низа други институции збунето чекаат насоки за тоа дали можат да работат со личните карти на граѓаните на кои стои старото име на државата и по 12 февруари, рокот до кој сите граѓани на Република Северна Македонија треба да имаат лични документи со новото име на државата во согласност со Преспанскиот договор со Грција што стапи на сила во 2019 година.

Во меѓувреме, премиерот Димитар Ковачевски најави дека Владата ќе ја разгледа опцијата да го продолжи рокот за замена на документите до септември или октомври, предлог што го даде претседателот Стево Пендаровски поради, како што изјави во телевизиско интервју, „срамното и непотребно понижување на македонските граѓани“.

„Вандализмот“ во М-НАВ последен во низата скандали поврзани со ДУИ

Се чека и во македонската Контрола на летање. А таму има најмалку време за чекање, особено по упадот во просториите на М-НАВ и нападот врз вработени.

Случајот со упадот во М-НАВ е уште еден доказ за „вандализмот„ од редовите на ДУИ, вели за РСЕ аналитичарот Благојче Атанасоски. Коалициониот партнер СДСМ молчи, опозицијата не е изненадена. Додека „македонското небо“ е во неизвесност, Владата ќе чека да поминат празниците па да менува директори како единствена мерка. По инцидентот беше приведен и висок функционер на владејачката ДУИ.

На „чекање“ е и најавениот штрајк на синдикалците и контролорите на летање кои бараат расчистување на случаите со „партиски вработувања во оваа институција“.

Воена пауза

Од светската сцена и понатаму фокусот е на војната на Израел и Хамас и војната во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли можноста за прекин на огнот со Русија. Тој вели дека тоа нема да доведе до суштински напредок во војната и само ќе ја фаворизира Москва со тоа што ќе и даде време да го зголеми снабдувањето на нејзината војска, како што конфликтот се приближува до втората годишнина.

„Дајте и на Русија две до три години и таа едноставно ќе не прегази. Ние не би го презеле тој ризик… Нема да има паузи во корист на Русија… Паузата би била во полза (на Русија)…, а може нас подоцна да не скрши“, рече Зеленски.

Какви луѓе ќе ни станат децата?

И после сето ова, многумина ќе се запрашаат – Каква младина создава денешното општество.

А за тоа каква младина создава денешното општество, какви реформи се превземаат во образовниот сектор и како влијае улогата на технологијата врз учениците разговаравме со Наде Молеровиќ, долгогодишен просветен работник, директорка во две основни училишта, која никогаш не престанала да биде учител.

„Отсекогаш ми било многу поважно какви луѓе ќе станат моите ученици отколку какви оценки ќе добијат на тестовите“, вели во поткастот „Зошто?“ на РСЕ, професорката Молеровиќ.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Коџа: Туркије донесе на лекување уште 85 пациенти од Газа

Следно

Американска војска: Погодени 60 цели на 16 локации, користени од Хутите во Јемен

Latest from Blog

Фергусон: Јунајтед нема да ја освои шампионската титула во следната деценија

Сер Алекс Фергусон, човек чие име сè уште има големо значење во фудбалскиот свет, повторно ја разбранува јавноста со зборови што воопшто нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше
Go toTop