Јапонија почна со изградба на домови за погодените од земјотресот

January 12, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Јапонија денес започна со изградба на привремени домови за луѓето во префектурата Ишикава, тешко погодена од земјотресот што се случи на Нова година со магнитуда од 7,6 степени, пренесува Анадолу.

Властите на префектурата работат напорно за изградбата на околу 115 импровизирани куќи на четири локации во градовите Ваџима и Сузу во рок од еден месец, објави јапонската новинска агенција Кјодо њуз.

Јапонскиот закон обезбедува бесплатно привремено сместување за лицата погодени од земјотрес до две години додека жителите не најдат алтернативни услови за живеење.

Вкупно 215 лица, од кои околу 10 починаа поради здравствени проблеми, се прогласени за мртви, а 37 лица сѐ уште се водат како исчезнати 12 дена откако силните земјотреси го погодија полуостровот Ното во префектурата Ишикава на 1 јануари.

Властите од повеќе префектури рекоа дека ќе прифатат раселени лица од погодените зони.

Надлежните сè уште не можат да стигнат до околу 2.500 луѓе поради оштетените патишта, а постои загриженост дека лошите временски услови може да ги попречат операциите за пребарување и спасување.

Повеќе од 24.000 луѓе живеат во центрите за евакуација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

О’Брајан: Западен Балкан може да биде стабилен и безбеден само преку економска и европска интеграција

Следно

Турскиот министер Коџа: Туркије донесе на лекување уште 85 пациенти од Газа

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop