Иван Шнајдар на 7 јануари се оддалечил од својата домашна адреса во Загреб. Иван има кафена коса, сини очи и средна градба. Последен пат бил виден облечен во спортски панталони и бела маица.

Во понеделникот на 8 јануари исчезнал Лукас Кираљ Јемриќ, исто така 14-годишен. Тој се оддалечил од адресата во Риека.

Истиот ден во Загреб исчезнал 14-годишниот Патрик Гек. Во моментот на неговото исчезнување тој носел црни панталони, портокалов дуксер со качулка, црна јакна и тениски чевли. Патрик е висок 175 сантиметри, со кафеава коса и кафени очи. Има средна градба.

Полицијата ги замолува граѓаните доколку имаат информации за исчезнатите момчиња да се обратат во најблиската полициска станица или на бројот 192. Корисни информации може да се испратат и на е-маил адресата [email protected], објави Дневник.