Мицкоски: Новите пасоши може да се одложат со закон или со времена мерка на Уставниот суд

January 11, 2024
2 mins read

Со носење на посебен закон или со изрекнувања на времена мерка од страна на Уставниот суд може да се продолжи рокот за промена на пасошите, изјави денеска Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Тој денеска укажа дека со ова темпо и динамика на менувањето потребни се 6 години да дојде до промена на сите патни исправи. Односно, најрано до 2027 година може да се изврши промена на сите 2,5 – 2,7 милиони македонски патни исправи.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на општина Кисела Вода, истакна дека ќе предложат и опција за пролонгирање на рокот.

– Имаме две опции едната опција е во парламентот да се донесе закон со кој рокот ќе се продолжи и тоа е една од опциите. И втората опција што работи ВМРО-ДПМНЕ на што денеска ќе побарам поддршка од Извршниот и Централниот комитет е да се поднесе претставка пред Уставниот суд како суд кој се грижи за Уставот кој е над сите Закони и да се стави времена мерка на Законот од 2021-ва година да биде вон сила се до следно одлучување дали е тој уставен или не, а се однесува на патните исправи или пасошите. Доколку Уставниот суд е експресен како што видовме во минатото тогаш може уште во текот на следната недела да постапува и да ја донесе таа времена мерка. Еве да не се сведе тоа на партиско политичка преписка во парламентот, судот Уставниот суд одговорен за Уставот да донесе времена мерка вон сила се до следно негово одлучување дали е уставен или не е уставен и на тој начин другиот ден ќе нема редици такви какви што има, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој претходно укажа дека МВР не располага со доволен капацитет да може во така брз рок околу 2,5 – 2,7 милиони македонски пасоши кои се издадени да бидат променети согласно обврските кои се преземени, а се дел од законско решение донесено во 2021 година.

-Зошто? Затоа што таму имате два апарата кои работат од 7 до 10 часа на ден, секој од нив има капацитет од 120 пасоши на час или пак, ако тоа го сведеме во континуирана работа без прекин вие можете годишно максимум до половина милион патни исправи да промените. И тоа во идеални услови, под услов овие апарати да работат без дефект што значи дека се потребни 6 години со ова темпо и динамика да дојде до промена на сите патни исправи или со други зборови, ако 2021-ва година е донесен Законот тогаш најрано 2027-ма година може да се изврши промена на сите 2,5 – 2,7 милиони македонски патни исправи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, МВР и министерот Оливер Спасовски доцнат со набавката за обрасци.

– Втора работа МВР на чело со Спасовски доцни со набавка на обрасците потребни за да се издадат овие патни исправи. Зошто тоа го прави? Затоа што доаѓа техничка влада, технички министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе се создаде вакум простор до март кога треба да дојдат новите обрасци и тогаш на примитивен простачки начин да се обвинува идниот технички министер кој ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е целта политичка на Оливер Спасовски и тие кои моментално го водат МВР, рече Мицкоски.

Тој им порача на граѓаните дека и после 12 февруари личните карти се важечки.

– Граѓаните треба да ја знаат дека личните карти и после 12 февруари се важечки и дека пензионерите со тие лични карти ќе може да ја подигнуваат пензијата и понатаму дека тие лични карти во внатрешниот промет се валидни документи и немаат потреба да бидат загрижени дали ќе може да се гласа со тие лични карти бидејќи ќе може да се гласа. Тие не се дел од промената на документите. Апелирам до граѓаните оние кои имаат важечка лична карта да бидат спокојни бидејќи таа и после 12-ти февруари останува во правниот промет во Македонија. Пензионерите ќе може да си ги подигнуваат своите пензии, вработените своите плати, студентите своите стипендии, кредити итн. Да не подлегнуваат на обидите на власта за манипулација а потоа да се сврти вниманието кон техничката влада односно кон техничкиот министер кој ќе дојде од ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ковачевски: Ставот на амбасадорот Коп е во ред, но ако некој има притисок, треба да го каже со име и презиме

Следно

Федерациите бараат вонредно собрание на МОК и разрешување на Димевски

Latest from Blog

Единствениот преживеан во авионската несреќа на Ер Индија во која загинаа 241 лице: „Не сакам да разговарам со никого“

Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка.

Денес е преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што

ВРЕДИ: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала

ХАОС ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Полицијата спречи упад, силни топовски удари, БЛОКАДЕРИТЕ ЗАПАЛИЈА ШАТОР (ФОТО+ ВИДЕО)

Во центарот на Белград, пред Народното собрание, се собрале неколку блокадери, обидувајќи се да предизвикаат хаос, јавуваат медиумите. Според извештаите, блокадерите почнале да фрлаат камења и шишиња кон „Чациленд“. МУП издаде итно
Go toTop