„Наутро ја погребавме, навечер отидов да пејам“: Гоца Тржан проговори за голема болка која ја носи во себе

January 11, 2024
1 min read

Пејачката Гоца Тржан неодамна гостуваше во една емисија каде си ја отвори душата и зборуваше за интимни детали од приватниот живот.

Еден од моментите кои ги издвои е смртта на нејзината баба Цвета, која Гоца многу ја сакаше. Таа емотивно опиша како помина низ тој тежок период со семејството, потенцирајќи дека губењето на баба Цвета остави неизбришлив белег во нејзиното срце.

-Никогаш нема да заборавам кога баба ми Цвета почина,  личност која ја сакав најмногу на светот. Ја погребавме,  а јас отидов да пеам таа вечер, рече пејачката.

Гоца се осврна и на темата за бракот со Иван Маринковиќ, нагласувајќи дека оваа тема била присутна во текот на целиот нејзин живот, иако причината за тоа не и е јасна. Таа истакна дека не сака сенката на нејзиниот прв брак да влијае на нејзиниот сегашен живот и врска со нејзиниот сегашен сопруг. Таа нагласи дека во сегашниот брак и врска поминала повеќе време отколку во претходната и дека не сака минатото да биде товар на сегашноста.

-Мене не ме следи сенката на мојот прв брак. Некој друг сака да го искористи тоа. Тоа беше пред 13 години, во брак сум и три пати подолга сум во врска со сегашниот сопруг, отколку што со првиот сопруг бев во врска и брак, изјави Гоца.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Лазаревски го има петтиот најубав погодок на отворањето на ЕП

Следно

ФОТО: Љубовна порака среде улица во Центар

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop