Нови судии и обвинители веќе се распределени: 45 на СДСМ, 25 на ДУИ, 20 на АА, вели Милошоски

January 11, 2024
2 mins read

Во Македонија има најмалку 7-8 правни лица кои имаат соодветен електронски софтвер и опремени простории за електронско полагање на испити, вклучувајќи го тука и самиот Правен факултет „Јустинијан Први” во Скопје, се вели во реакцијата на Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, за власта писмено да го спроведе полагањето на главниот тест на Академијата за судии и обвинители и покрај законската одредба за електронско полагање.

-Вчера Министерството за правда соопшти дека ќе предложи да се смени законот за Академијата за судии за да се озакони писмено полагање на главниот тест за прием на новите 130 судии и обвинители. Се доцни со тендерот за набавка на електронски софтвер за полагање на квалификацискиот тест во Академијата за судии, е оправданието од Академијата. Според член 55 од Законот за јавни набавки ако нешто е итно, и за електронскиот софтвер може да се набави со преговарање, без јавен оглас, вели тој.

Да биде појасно, посочува тој, за разлика од електронското полагање, писменото полагање на квалификацискиот тест на Академијата значи човечко влијание, можност за манипулации, дополнително одговарање од страна на трето лице на неодговорените прашања и доделување на максимум поени на владините фаворити за судии и обвинители.

-Затоа, реакцијата на Министерството за правда значи дека Владата во заминување сака пред распуштање на Собранието по секоја цена да си намести луѓе кои утре од позиција на обвинители и судии ќе треба да ги заштитат одговорните за скандалите во М-НАВ, онкологија, за БЕСА транс, убиствата на Панче и Вања, за милионските тендери во РЕК Битола, за двете евтини куќи во Тафталиџе2, за Соравија, за незаконитото работење на видео-лотариите и за многу други скандали. Зракот надеж во ова агресивно владино наметнување на ад-хок правила е што во раководните органи на Академијата за судии има неколку поединци кои не сакаат да си го извалкаат интегритетот и не сакаат да го аминуваат овој владин ‘кронизам’ за инсталирање на марионети во правосудството. Таквите совесни поединци и понатаму се свиркачите чии информации го разобличуваат брзањето на власта со злоупотреба на европското знаменце да го озакони писменото полагање на главниот испит, а тоа е следниов коалициски договор: Од вкупно 130 идни судии и обвинители, според изворот од АСЈО, на Академијата ќе бидат запишани – 25 од листата на ДУИ, 20 од листата на Алијанса, 45 од листата на СДСМ и 10 од помалите коалициски партии, додава Милошоски.

Како што истакнува, останатите 30 судии и обвинители ќе бидат избрани од најдобрите меѓу преостанатите 200 пријавени кандидати.

-Значи од предвидените 130 идни судии и обвинители кои треба да се запишат на Академијата, 100 се однапред познати, според ‘кронизам’ методологијата и тие писменото полагање на тестот ќе го поминат со максимум бодови. Реална трка за запишување во АСЈО ќе има само за преостанатите 30 места, за што во конкуренција се 200 кандидати кои не се на владините коалициски листи на СДСМ, ДУИ, Алијанса и другите помали партии. Во следниве денови предлогот за измена на Законот за АСЈО со злоупотреба на европското знаменце се очекува да помине на Влада, а потоа експресно да стигне во Собрание. Целта е Законот да се изгласа по скратена постапка преку Комисијата за европски прашања, за до крајот на јануари да може да се организира фиктивното писмено полагање на квалификацискиот тест за судиите и обвинителите, од кои 100 се веќе однапред се утврдени, објави Милошоски на својот фејсбук-профил.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотакис: Предлог-законот за истополови бракови нема да вклучува сурогат мајчинство

Следно

ВИДЕО: Лазаревски го има петтиот најубав погодок на отворањето на ЕП

Latest from Blog

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд

Русин запроси девојка среде маратонскиот прес на Путин (ВИДЕО)

На маратонската прес-конференција што ја одржа рускиот претседател Владимир Путин во Москва (која траеше неколку часа), среде одговарањето на геополитички прашања, се случи момент што никој не го очекуваше: новинар ѝ предложи

Флик конечно го откри “кртот“ во соблекувалната на Барселона!

ФОТО: FC Barselona/FB Еден проблем помалку за тренерот на Барселона, Ханси Флик. Имено германскиот стратг наводно открил кој ги издавал доверливите информации за Барселона на медиумите, ставајќи крај на неделните задкулисни игри.

Тоневски: Пробиштип годинава без луксузни новогодишни украси

Општина Пробиштип оваа година ќе ја реализира новогодишната декорација на поедноставен начин, соопшти градоначалникот Тони Тоневски. Поради големата финансиска задолженост и висината на цената од 30.000 евра што беше понудена на тендерот,

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Кинеската компанија и сопственик на платформата ТикТок – „БајтДенс“ (ByteDance) објави дека ќе ја предаде контролата на американскиот дел на група инвеститори од САД, со цел да избегне забрана за користење во
Go toTop