Турскиот бренд за електрични автомобили Тог во фокусот на саемот во Лас Вегас

January 10, 2024
1 min read

РИМ (АА) – Турскиот бренд за електрични автомобили Тог е во фокусот на „CES 2024“, голем саем за потрошувачка електроника и ИТ што се одржува во американскиот град Лас Вегас, јавува Анадолу.

„Ил Месаџеро“, еден од познатите италијански весници, објави дека две компании од автомобилската индустрија од Туркије и Виетнам биле во фокусот на настанот.

Написот на весникот, насловен „Автомобилот на друг свет“, вели дека Туркије воопшто не е надвор од игра бидејќи нејзината локација, како место на кое се спојуваат два континента, веќе ја направила одличен производствен центар веќе одредено време.

Неодамна на социјалната мрежа X беше споделено промотивно видео од новиот модел седан на Тог, а истиот е претставен на саемот во Лас Вегас.

Стелантис, Форд, Хјундаи, Рено, Тојота и Волксваген се само некои од многуте играчи што работат во Анадолија, самостојно или со локални партнери, се вели во веста.

„Како резултат на тоа, повеќе од 1,5 милиони возила се произведени во Туркије во 2023 година“, посочува весникот, додавајќи дека ова е повеќе од двојно отколку во Италија и повеќе отколку во Велика Британија.

„Туркије е во границите на првите 10 во класификацијата на земји производители“, се додава.

Весникот истакнува дека Италија повеќе не е меѓу првите 20.

„Очигледно ова не е доволно за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој се фокусираше на проектот за создавање целосно турска компанија“, пишува весникот.

„Значи, во 2018 година тој убеди некои од најважните индустриски и финансиски групи во земјата да го оживеат заедничкото вложување за производство на возила“, се вели во извештајот.

За помалку од четири години Групацијата Тог (Togg) го претстави својот прв модел, импресивниот СУВ T10x, истакнува весникот.

Се додава дека турските граѓани конечно се горди што возат домашен автомобил и дека „производствениот капацитет ќе се зголеми на 200.000 колку што е можно поскоро за да се задоволи извозната побарувачка, а бројот на возила Тог што циркулираат во Европа ќе надмине еден милион до 2030 година“.

Во написот во весникот, исто така, се истакнува дека претседателот Ердоган лично им го претставил автомобилот Тог на некои лидери, меѓу кои се азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, унгарскиот премиер Виктор Орбан, престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Селман, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мухамед бин Зајед Ал Нахјан, и казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протести во Германија; По земјоделците, штрајкуваат и машиновозачите

Следно

Уставен суд утврди прекршување на слободата на изразување на новинарката на ТВ 24 Душица Мрѓа на „Крвавиот четврток“

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop