Мицотакис: Грција не е „банана држава“ и не може да се толерира инфлацијата на алчноста

January 10, 2024
1 min read

Битката за да ги контролираме поскапувањата и да наметнеме правила за поинтензивна конкуренција во корист на потрошувачите е континуирана битка, во која постојано користиме нови алатки во политиката сè додека не разберат сите, би рекол особено мултинационалните компании, дека Грција не е „банана држава“ и дека не може да се толерира инфлацијата на алчноста, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Премиерот на Грција денеска одржа состанок за иницијативите за справување со поскапувањата на цените и објасни дека мерките се насочени кон нето-продажните цени, ограничувајќи ги вкупните попусти на добавувачите на 30 отсто и соодветно пренесување на придобивките на потрошувачот.

Мерките се однесуваат на производи за широка употреба, како што се средства за чистење, пасти за заби, гелови за туширање, шампони, пелени за бебиња, овошје и зеленчук.

Мицотакис рече дека целта е „справување со хроничните нарушувања кои се присутни долги години на грчкиот пазар и кои, за жал, станаа поинтензивни како резултат на увезената инфлација“.

-Доведоа до неприфатливиот феномен, истите производи, мултинационалните компании да ги продаваат многу поскапо во Грција отколку во другите европски земји. Ова, очигледно е нешто што не може да продолжи да се толерира, порача грчкиот премиер.

Се осврна и на млекото за бебиња, кое во Грција е и до 213 отсто поскапо од некои земји во ЕУ, најавувајќи плафон на бруто профитната маржа.

Порача дека со конкретните мерки, „главен приоритет останува заштитата на потрошувачот и правилното функционирање на пазарот“.

По состанокот во Премиерската палата, министерот за развој на Грција Костас Скрекас детално ги презентираше мерките, кои, како што рече, имаат за цел намалување на цените на производите и за справување со профитерството.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Испитот на хартија ќе им „пресуди“ на идните судии и обвинители

Следно

Бројот на загинати во израелските напади во Газа се искачи на 23.357

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop