Туркије неутрализираше 5 терористи на ПКК/ЈПГ во северозападна Сирија

January 10, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа пет терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ во Африн во северозападна Сирија, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Анадолу.

„Продолжуваме силно да реагираме на обидите за напад на терористите на ПКК/ЈПГ, кои имаат за цел да го нарушат мирот и безбедносното опкружување“, соопшти Министерството на платформата Х.

Терористите беа неутрализирани во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот“.

Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучително и бебиња, деца и жени. ЈПГ е нејзин сириски огранок.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија нападна 150 локации на Хамас во последните 24 часа

Следно

Финансиска истражува, Лотарија си тера тендер за новото седиште

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop