Пендаровски бара да се продолжи рокот за нови лични документи: Ова е срамно понижување на македонските граѓани

January 10, 2024
1 min read

Предлог да се пролонгира на рокот за вадење на нови лични документи синоќа даде шефот на државата Стево Пендаровски. Тој во интервју за „Тема на денот” на телевизија Сител, говорејќи за процесот на промена на личните документи поради промената на уставното име на државата, рече дека тоа може лесно да се направи.

-Прво, тоа е срамно понижување на македонските граѓани. И непотребно. Второ, ова го предложив на најмалку двајца министри во македонската влада – со брза интервенција во два закони – закон за лична карта и закон за патни исправи, и ако е потребно и законот за безбедност во патниот сообраќај, тоа се прави во едно попладне. Знаеме дека може да се направи во едно попладне, не мора со европско знаменце да биде. Ќе ги измениме тие два закони, ќе го пролонгираме рокот, наместо февруари да биде септември-октомври, претходно ќе ги известиме и Грците дека немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор, рече претседателот Пендаровски.

Поради промената на уставното име на државата во Северна Македонија, согласно Преспанскиот договор од 2018, рокот за промена на личните документи е до 12 февруари годинава, а на пунктовите во МВР се чека со часови и за сликање и за подигнување на на документите.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Според календарот на МПЦ, утре се празнуваат овие светители

Следно

ВИДЕО: Од фудбалски стадион до ракометна арена, еве како се трансформираше „Меркур Шпил-Арената“

Latest from Blog

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да
Go toTop