Разрешени Хамиди и Стаменковски, назначени Мемети и Кораќ – Деари нема да се менува

January 9, 2024
1 min read

„Македонското небо“ доби нови директори во раководството на М-НАВ по инцидентот во Контролата на летање. Одлуката е владина, разрешени се Фахрудин Хамиди а го разрешија и директорот Љубе Стаменковски кој претходно си поднесе оставка, додека Хасим Деари останува на позицијата директор во М-НАВ.

На местото на Хамиди и Стаменковски доаѓаат Илир Мемеди и Милан Кораќ. До ваквите промени дојде откако незадоволството коешто веќе подолго време трае во Македонска навигација, ескалираше по упадот во оваа институција а во истиот меѓу осумте лица беше и Беким Неизири кој е прв човек на чарскиот огранок на ДУИ.

Упадот во М-НАВ следеше откако синдикатот на прес-конференција алармираше дека се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување и за евентуален штрајк изатворање на воздушниот сообраќај по што синдикалците с еповлекоа од таквата идеа.

Првиот синдикалец Александар Тасевски кој претходно се закани дека ако не биде разрешено раководството на М-НАВ ќе влезат во штрајк денеска остана недостапен по владината одлука.

За упадот во М Нав се осомничлени 8 лица, за четворица МВР распиша централна потерница. Дополнително Кривичен суд од утре ќе одлучува по жалбата на обвинителството за притвор за осомничените во врска со упадот во М-НАВ. Претходно судот кажа дека обвинителството не ги доставило сите докази, додека одбраната на осомничените е на линија со судот и сметаат дека осомничените не може да одговаарт за кривичното дело за кое се осомничени.

Дел од експертите по кривично право со кои поразговаравме велат дека ваквото дело за кое се сомничат осомничените тешко дека ќе се докаже, но посочуват дека осомничените може да одговараат за друго кривично дело.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фидан: Западот молчи, индиректно или директно го одобрува масакрот во Газа, барем на државно ниво

Следно

Џафери на божикно честитање кај г. г. Стефан

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop