Туркиш ерлајнс минатата година имаше најголем број патници на сите времиња

January 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркиш ерлајнс (Türk Hava Yollari – THY) достигна најголем број патници на сите времиња, односно 83,4 милиони патници во 2023 година, јавува Анадолу.

Туркиш ерлајнс ги објави најновите податоци за бројот на патници во текот на минатата година.

Во 2023 година вкупниот број патници е зголемен за 10,1 отсто, односно 6.1 милион, во однос на истиот период во 2022 година.

Пополнетоста на авионите на Туркиш ерлајнс на меѓународните летови изнесуваше 80 отсто, а на домашните летови 78 отсто.

Бројот на патници на меѓународните линии во декември 2022 година изнесуваше 2,2 милиони, а во истиот период во 2023 година е зголемен за 19 отсто на 2,6 милиони.

Обемот на превезениот товар и пошта во декември 2022 година изнесуваше 137,9 илјади тони, а минатиот месец е зголемен за 15,8 отсто на 159,7 илјади тони.

Во соопштението се наведува дека бројот на превезени патници во периодот јануари – декември минатата година е зголемен за 16,1 отсто во однос на 2022 година, односно изнесува 83,4 милиони, што е најголем број патници на оваа авиокомпанија на сите времиња.

Бројот на патници на меѓународните линии во периодот јануари – декември 2022 година изнесуваше 23,4 милиони, а во истиот период во 2023 година е зголемен за 27,1 отсто на 29,8 милиони.

Вкупната пополнетост со патници порасна за 1,9 отсто во однос на истиот период во 2022 година и достигна 82,6 отсто.

Обемот на превезениот товар и пошта во 2022 година изнесуваше 1,68 милиони тони, а во 2023 година е намален за 1,2 отсто на 1,66 милиони.

Во соопштението се наведува дека бројот на авиони во флотата на Туркиш ерлајнс е зголемен на 440.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ: Нападите на руска територија се вршат со оружје произведено на Западот

Следно

Синдикатот на полицијата бара зголемување на платата за 15 проценти

Latest from Blog

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop