Едно е да одиш во црква и разменуваш божикни честитки, а друго е да живееш по верски начела

January 9, 2024
1 min read

„За многу години да е празникот“, „Христос се роди – Ваистина се роди“, „Господ да не чува„, „Да одиме по патот на Господа“…, беа само дел од честитките кои во овој празничен божикен период си ги разменуваа повеќето граѓани во Македонија. Се одеше месовно и во црковните храмови, се палеа свеќи, се упатуваа молитви.

Тоа го правеа и највисоките државни функционери. Пригодно порачуваа да се чува единството, мирот, слогата, татковината… да се шири добрината…

Едноставно, Божикните празници, се прославија достоинствено, како што, впрочем, и прилега на една земја во којашто на секоја анкета околу 80-90 проценти од населението се изјаснува како религиозно.

И сега празникот завршува. Како ќе продолжи да се живее, според принципите кои ги проповедал Божјиот син чие раѓање се славеше?

-Ги однесов децата во црква за заедно да се помолиме. Нека ја запознаат нашата православна вера. А за принципите ќе им зборувам кога ќе бидат поголеми, ни истакна млад татко со две мали дека пред црквата во Аеродром.

А тие принципи се најубаво сконцентрирани и изразени во десетте Божји заповести кои, покрај другото, бараат и да не се посакува ништо што е туѓо, да не се краде, да не се врши прељуба, да не се убива, да не се сведочи лажно…

Дали на ова се придржуваат оние кои деновиве упатуваа силни верски честитки и одеа по цркви? Политичарите, додека палеа свеќи, што си велеа?

Податоците за она што се случува во Македонија како да укажуваат дека се прави нешто спротивно на она на што се заветуваме кога се посетуваат верските објекти на сразните религии во земјава.

Корупцијата во земјава и натаму расте и е главен проблем, криминалот од секој вид никако да се намали, луѓето на секакви начини ги измамуваат блиските и подалечни лица… Просто човекот да се запраша дали станува збор за истите луѓе коишто по црквите си упатуваат божји завети, а во реалноста на секојдневното живеење се однесуваат сосема спротивно!? Оти кои се тие луѓе, во земјата во којашто околу 90 проценти од граѓаните се декларирани верници, кои ја шират корупцијата, кои прават криминал, измами на ближните свои, кои ги мразат своите непријатели…?

-Луѓето одат во црква само на голем празник и забораваат на Бога набрзо откако ќе излезат надвор. Политичарите пак влегуваат само за да бидат видени, а и некои свештеници не се држат баш до принципите на верата. Но, со Бог напред, вистината и љубовта ќе победат, некои младите гледам се враќаат кон верата. Само треба некој добро да им објаснува, ни истакна една пензионерка од Скопје.

Моралот и совеста треба да проработат посилно. Па, тоа треба да е основната „состојка“ на човечноста. И кај верниците и кај атеистите и кај свештениците и кај политичарите. 

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државниот трудов инспекторат утре ќе го комплетира извештaјот за трагедијата на фармата во светиниколско

Следно

На литар флаширана вода одат околу 250.000 парчиња нано-пластика

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop