Грчкиот премиер утре ќе се изјасни: СИРИЗА достави предлог-закон за истополовите бракови

January 9, 2024
1 min read

Предлог-закон со 16 посебни членови достави во грчкиот Парламент пратеничката група на СИРИЗА за „отстранување на половата дискриминација во семејното право, обезбедување на правото на брак за сите лица“, додека пак Владата се очекува утре да ги објасни своите позиции за истополовите бракови, јави дописничката на МИА од Атина.

Во објаснувањето на предлог-законот на опозициската партија се наведува дека правата на ЛГБТ+ заедницата се човекови права, согласно резолуцијата на Европскиот парламент, а „ако бракот се земе предвид како индивидуално право, тогаш со родовите ограничувања на ЛГБТ+ луѓето, тие не можат да го уживаат ова право“.

-Браковите меѓу истополовите двојки веќе се признати во 14 земји-членки на Европската унија и во 18 земји-членки на Советот на Европа, објаснуваат од СИРИЗА.

Доставувањето на предлог-законот го најави лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис минатата седмица, кога од грчкиот премиер побара да се изјасни дали поддржува брачна еднаквост.

-Господине Мицотакис, правите да се чувствуваме како граѓани од втор ред. Кога еден човек е жеден за еднаквост и инклузија, не му велиш „чекај да објаснам“, како што изјавивте вчера. Нема што да му се „објасни“ на народот во врска со бракот за сите. Исто како што немаше што да им објаснат на општества лидерите кои во нивното време го укинаа ропството, ги воведоа правото на глас на жените, родовата еднаквост, граѓанскиот брак, граѓанското партнерство. Општествата никогаш не се подготвени, ако нивните лидери не се подготвени. Вие не можете, можеме ние. Вие се плашите, ние не, напиша на социјалните мрежи лидерот на СИРИЗА во петокот.

Портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, на вчерашниот брифинг со новинарите објасни дека премиерот Кирјакос Мицотакис, в среда, во интервју за државната телевизија ЕРТ ќе излезе со повеќе информации за конкретната легислатива, односно за тоа кој е владиниот план, како ќе започне оваа дискусија итн. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пречките на Орбан да стане шеф на Европскиот Совет

Следно

САД не планираат да ги повлечат трупите од Ирак

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop