Ден на среќа, ден на живот, заврши тридневната сага на тричленото семејство и двајцата туристички водичи кои во санотста останаа заглавени во словенечката пештера Крижна Јама, тие се спасени и се во добра здравствена состојба, потврдија од Управата за заштита и спасување на Словенија.

Уште од раните утриснки часови нуркачките тимови на Пештерската спасувачка служба и единицата за брза интервенција влегоа во пештерата. Спасувачкиот тим до петмината заробени стигна со чамци, евакуацијата траеше од 9 до 15 часот.

„Ден на среќа, ден на животот и ден на благодарниста за нашите спасувачи, по периот од три дена.“- Санди Цурк, Цивилната заштита на Нотрањска

„За среќа, сите се во добра состојба и не им е потребна дополнителна психолошка помош, ниту пак од болничари. Ако им треба, ќе нe’ повикаат. Засега сите се добро и сите сме среќни што излезе вака“.-Барбара Цибеј Жагар, Раководител на единицата за психолошка помош за цивилна заштита

Со повлекувањето на нивото на водата се создадоа услови за да помине со брод преку првиот сифон на пештерата, спасувачката акција се одвиваше многу брзo за да не надојде нова вода. Тимовите безпоштедно се вложуваа за да ги евакуираат петтте лица, а во текот на трите дена тие имаа затоплен шатор, не им недостасуваше ниту храна ниту вода. Челникот на спелеонуркачката асоцијација кој беше и еден од предводниците спасувачката интервенција им се заблагодари на сите кои учествуваа во евакуацијата на заробените во Крижна јама.

“Веќе првата вечер знаевме дека порано или подоцна ќе го направиме тоа. Најсреќни сме што се е во ред со нив. Кога излегоа беа навистина добро расположени, задоволни и среќни што ги спасивме.“- Игор Бенко, Претседател на спелеонуркачката асоцијација на Словенија

Светски познатата Крашка пештера во Словенија е една од најголемите туристички атракции. Сепак патувањето беше незивесно за тричленото семејство и двајцата туристички водичи, кои поради обилните врнежи останаа внатре во пештерата на околу 2,4 километри од влезот, по покачувањето на нивото на водата.