Папата бара забрана на сурогат мајчинството

January 8, 2024
1 min read

Папата Франциско повика на глобална забрана за сурогат мајчинство оценувајќи дека оваа практика е „одвратна“.

Во обраќањето до амбасадорите акредитирани во Светата столица, Франциско го спомна сурогат мајчинството на списокот прашања кои глобално го загрозуваат достоинството.

„Таа жална пракса наречена сурогат мајчинство е сериозно нарушување на достоинството на жената и детето, засновано на искористување на материјалните потреби на мајката“, рече Френсис.

Папата порача дека дете никогаш не треба да биде „основа на комерцијален договор“ и апелираше до меѓународната заедница универзално да ја забрани оваа практика.

Сурогат мајчинството е контроверзно во некои делови на светот и многу земји – на пример, Италија – ја забрануваат оваа практика која Папата пред две години ја нарече „матка за изнајмување“.

Постојат два вида на сурогат мајчинство – гестациско или традиционално – кои се разликуваат по тоа како се создава ембрионот. Кај гестациското сурогат мајчинство, сурогат мајката не ја дава јајце клетката за оплодување. Во традиционалното сурогат мајчинство, биолошките јајце клетки на сурогат мајката се користат за процесот на оплодување.  Поглаварот на римокатоличката црква не влезе во правење разлики меѓу двата вида и генерално се осврна на практиката.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оваа несреќа Чолиќ никогаш нема да ја заборави: Обожавателка со нож ја нападнала неговата сопруга

Следно

Google „ги изеде“ колачињата – чекор што засекогаш ќе го промени интернет рекламирањето

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop