Нема притвор за Незири и насилниците, не била само кавга меѓу колеги, нарушена била безбедноста на аеродромот

January 6, 2024
1 min read

реклама


По неколку часа поминати на распит во полициска станица во Автокоманда, Беким Незири доцна синоќа беше изведен пред судија на претходна постапка. Со полициска придружба и лисици на рацете нешто по 19 часот беше спроведен во Кривичниот суд.

Таму, се задржа неколку часа. Веднаш откако Незири, но и другите три лица беа спроведени во судот, се огласи и Јавното обвинителство. Наспроти тврдењата на директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди дека тоа било кошкање помеѓу колеги, обвинителството вели дека со нивните постапки овие лица ја загрозиле безбедноста на авиособраќајот.

реклама

„Осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот. Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години.“, соопштија од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, но и можност осомничените да влијаат врз постапката или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка доставило предлог за определување мерка притвор за сите четворица кои биле приведени. Сепак, судот не го уважи барањето на Обвинителството, па наместо притвор им определи мерки на претпазливост. Што тоа значи? Осомничените ќе останат без патните исправи и нема да смеат да го напуштат живеалиштето, односно територијата на Скопје. Обвинителството најави дека ќе се жали на одлуката на судијата на претходна постапка.

реклама

Според соопштението на Обвинителството, може да се заклучи дека инцидентот не било само мало кошкање помеѓу колеги кои се знаат 20 години, како што тврдеше вчера директорот на М-НАВ, Фахрудин Хамиди.

„Се случил еден немил настан, дефинитивно и тоа не смеело да се случи. Но, се работи за конфликт помеѓу колеги кои се знаат 20 години, оделе на школување заедно.“, рече Хамиди.

-Ама осум луѓе влегле таму, надворешни лица директоре. Дали секој може да влезе.
-Кој треба да поднесе одговорност?

„Поради фактот дека органите, повисоко од мене, се бават со таа работа, во интерес на итрагата, има камери таму, има многу работи, истрагата нека си тече“, рече Хамиди.

реклама

Дека не било само конфликт помеѓу колеги покажува и фактот што други четири лица се сеуште недостапни за органите на прогонот, односно се во бегство. Овие лица не биле вработени во М-НАВ, но успеале да поминат покрај обезбедувањето. За, тоа според неофицијални информации, им помогнал Беким Незири.

Синдикатот на М-НАВ најави дека ќе стапат во целосен штрајк доколку директорите не бидат разрешени, а насилниците уапсени. Воедно владата најави дека на седница на 9–ти јануари ќе го разреши целиот Управен одбор на М-НАВ.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алтернатива: Да се одземе лиценцата за работа на компанијата што го обезбедува М-НАВ

Следно

Mитрополит Јосиф: За овој Божиќ да пораснеме во човечноста и човекољубието

Latest from Blog

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop