Контролaтa на летање најавува генерален штрајк: Терористички чин е вчерашниот упад во зградата на М-НАВ

January 5, 2024
1 min read

реклама


Контролорите на летање го сметаат за терористички чин вчерашниот упад во зградата на М-НАВ. Вчера неколку вработени биле физички нападнати, меѓу кои и контролор на летање и тоа на работно место.

„Влез на неовластени лица во забранета и заштитена зона, воздухопловна зона, е чист терористички чин по сите светски норми и закони“, е заклучокот на контролорите и останатите колеги инженери, инструктори, технички и друг персонал во М-НАВ.

реклама

Контролирите на летање и останатите колеги инженери, инструктори и друг персонал, вчера донеле отлука ако не поднесат оставка тројцата директори на МНАВ и ако Владата не ги разреши, од среда почнуваат со генерален штрајк.

Синоќа тие ги донеле следниве заклучоци:

реклама

  1. Да се расчисти случајот до детал и одговорност да понесат сите вмешани, како од внатре во М-НАВ, така и лицата однадвор, кои насилно упаднале во зградата и натепале и повредиле вработени, меѓу кои и контролор на летање.
  2. Итно целото раководство, односно Управниот одбор на М-НАВ составен од тројца директори на чело со Фахрудин Хамиди, да си поднесат оставка од морални причини, бидејќи докажале дека не се способни да ја водат, а особено да ја осигураат безбедноста на Агенцијата.
  3. Се договориле дека ако не си поднесат оставка на функциите, Владата мора да ги разреши на седницата во вторник.
  4. Ако тоа не го стори Владата, од среда почнува генерален штрајк, целосно се затвора небото за сообраќај.

МВР соопшти дека од синоќа натаму останува да ја чува М-НАВ. Полицијата трага по уште четворица од напаѓачите.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа достигна 22.600

Следно

Првата вселенска мисија на Туркије со екипаж ќе го започне своето патешествие на 18 јануари

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop