ЈО: Се преземаат мерки за расчистување на настанот во Контрола на летање

January 5, 2024
2 mins read

реклама


Од Јавното обвинтелство информираат дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот во кој вчера беа нападнати вработени во Контролата на летање. 

-Основното јавно обвинителство Скопје во текот на денот очекува кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, а за натамошната постапка соодветно ќе ја информира јавноста, велат од прес-службата на ЈО. 

реклама

Од Министерството за внатрешни работи доцна синоќа информираа дека со четири инволвирани лица во нападот врз вработени во М-НАВ се вршат службени разговори и оти во координација со Основното јавно обвинителство ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Се преземаат мерки, како што информираа, за пронаоѓање на уште четири лица,  а во наредниот период МВР континуирано ќе ја обезбедува зградата на М-НАВ.

Од МВР информираа дека лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавен ред и мир.

реклама

-Денеска (04.01.2024) околу 15:15 часот во ПО Петровец лице вработено во МНАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведе МВР вчера во соопштение.

Нападот се случи по вчерашната прес-конференција на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски,  на која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација ( М-НАВ) се очекува да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција и однесувањето на менаџментот. 

реклама

Владата синоќа најави дека на следната седница закажана за во вторник, 9 јануари, ќе донесе одлуки поврзани со состојбата во М-НАВ, меѓу кои разрешување на целото раководство и ревизија за досегашното работење. 

Струковиот синдикат на контролори на летање  (ССКЛ) ноќеска на вонреден состанок донесе повеќе одлуки и барања и најави штрајк со затворање на воздушниот простор од 10 јануари доколку во меѓувреме тројцата извршни директори на М-НАВ не си поднесат оставки или Владата не ги разреши.

Како што изјави Тасевски изутринава, според последните информации од неговите колеги, активностите во М-НАВ се одвиваат како што треба, но очекуваат надлежните институции да си ја завршат својата работа.

-По координацијата и апелите, испратени се службени лица се додека не се воспостави нормален начин на обезбедување. Рано изутрина колегите потврдија дека активностите се одвиваат како што треба. Револтот, нервозата и стресот се големи и очекуваме државните институции да си ја завршат нивната работа, да проработи свеста кај директорите и да не ја комплицираат состојбата, изјави за МИА Тасевски. 

Тој претодно информираше дека завчера телефонски бил повикан во Секторот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи и му била презентирна пријава од страна на двајца од тројцата директори во М-НАВ, Фахрудин Хамиди и Фасим Деари. Тие поднеле кривична пријава против него, како што рече, врз база на доставена електронска порака поради „наводно чувствување загрозеност на нивната животна сигурност“ по член 144 став два од Кривичниот законик.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Во синоќешните израелски напади на Појасот Газа загинаа 32 Палестинци

Следно

Мицкоски за Св.Наум на Попова Шапка

Latest from Blog

Се судрија училишен автобус и автомобил во Торино – едно лице загина, 20 ученици повредени

Во судир меѓу автомобил и училишен автобус утрово во Торино, во областа Аринџано, едно лице загина, а 20 се повредени. Во несреќата загинал возачот на автомобилот, а 20 ученици, од педесетте што

Лажните интернет-продавници измамуваат еден од осум купувачи во Германија

Речиси еден од осум онлајн-купувачи во Германија бил измамен од лажни виртуелни продажни понуди последните две години, покажува ново истражување. Анкетата ја спроведе институтот за анкети „Форса“ во име на германските потрошувачи,

Таневски: Следна станица – Вашингтон!

Пораките што европските челници ги испратија до земјава при презентацијата на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија се повеќе од јасни, дека суштината и не се толку реформите и Копенхашките

Потпишување на договор за стратешкиот тунел меѓу Ѓуешево и Деве Баир

Во четврток, министрите за транспорт на двете земји, Александар Николоски (РСМ) и Гроздан Караџов (Бугарија), ќе потпишат договор за подготовка и изградба на меѓуграничен железнички тунел долж Коридорот VIII, информираат од македонското

ВЛЕН: За ДУИ власта беше кислород – сега се гушат во поразот

Коалицијата ВЛЕН оцени дека раководството на ДУИ се наоѓа во „политичка паника“ по локалните избори и дека, како што наведуваат, обидот да се претстави референдумската иницијатива како патриотска кауза не успеал кај
Go toTop