Тасевски најави нови оставки во М-НАВ: Ако директорите сакаат да работат со притисоци, нека си работат сами

January 4, 2024
4 mins read

Според него, сето ова е форма на притисок за синдикатот да се откаже од своите активности, насочен не само против него како претседател, туку и, како што рече, против сите професионалци што во изминатиот период покажале доблест и го кренале гласот за да ја заштитат својата професија од клиентелизам и од непотребни и нестручни вработувања

Прашан дали повторно ќе организираат штрајк, Тасевски рече дека во наредните неколку дена не очекува да дојде до такво нешто, но ако продолжат работите да се одвиваат на ист начин, нема да има само штрајк на контролорите, туку на сите вработени во М-НАВ. Ќе има тотално затвoрање на воздушниот простор, рече тој

Притисокот врз Синдикатот на контролори на летање само покажува дека сме на вистинската патека и ни дава дополнително охрабрување да продолжиме со нашите активности, рече претседателот на оваа синдикална организација, Александар Тасевски. Тој денеска свика прес-конференција пред просториите на Македонска навигација (М-НАВ), откако вчера беше повикан на разговор во полициска станица. Како што рече, сакал да излезе во јавноста за последните случувања со него и со синдикатот да не бидат погрешно интерпретирани.

„Во текот на вчерашниот ден, утрината, телефонски бев повикан во Секторот за насилен криминал при Министерството за внатрешни работи, каде што ми беше презентирана пријава од страна на двајца од тројцата директори, Фахрудин Хамиди и Хасим Деари, коишто поднеле кривична пријава против мене врз база на имејл кој бил доставен до нив, поради наводно чувствување загрозеност на нивните животи и сигурност, по член 144 став 2 од Кривичниот законик. Пред сè, најодговорно тврдам дека содржината на тој мејл нема какви било ставки коишто асоцираат на закани или на животозагрозувачки информации“,

рече Тасевски.

Според него, сето ова е форма на притисок за синдикатот да се откаже од своите активности, насочен не само против него како претседател, туку и, како што рече, против сите професионалци што во изминатиот период покажале доблест и го кренале гласот за да ја заштитат својата професија од клиентелизам и од непотребни и нестручни вработувања.

Почнува депонирањето оставки од контролорите на летање

Пред крајот на минатата година, раководители на инженерите и на техничарите во М-НАВ поднесоа оставки од своите функции и се повлекоа од проектите на коишто работеле, а Тасевски најавува дека наскоро тоа ќе го сторат и контролорите на летање.

„Како прв чекор што би можел да го напоменам, од денеска ќе се започне со депонирање на оставки од сите оние контролори на летање и помошници-контролори коишто имаат раководни функции, инструкторски функции или се шефови на смени. Ќе се повлечат од своите позиции и од проектите во коишто се вклучени. Со тоа ќе се даде поддршка на сите досегашни активности на Синдикатот, но и на тие што ќе следуваат“,

додаде синдикалниот претседател.

Фото: МИА

Притисокот, нагласи Тасевски, предизвикал и другите служби од М-НАВ да се приклучат и да ги поддржат активностите на Синдикатот на контролорите на летање.

„Дефинитивно веќе почнуваме да се окрупнуваме како бројка на луѓе коишто застануваме во заштита на институцијата, во заштита на професионализмот и пред сè во заштита на безбедноста во воздушниот сообраќај, којашто не трпи компромиси по никаква цена“,

потенцира тој.

Како што рече, последните чекори со оставките предизвикале страв кај директорите, но не страв по нивната безбедност, туку по нивните фотелји, што, според него, покажало дека треба да продолжат да се движат по истата патека и да останат доследни на она што сакаат да го постигнат. Очекува денес 20 до 30 луѓе да депонираат оставки од функциите што ги имаат во М-НАВ, овој пат од контролорите, кои со тоа ќе им се приклучат на инженерите и на техничарите.

„Верувам, нема да застане овде и дека ќе се приклучат и другите служби, за да се покаже дека ова е крај и дека не може да се продолжи на овој начин. Па, ако директорите сметаат дека можат со притисок кон вработените и кон синдикатот да продолжат со овој начин на вработување, нека продолжат да работат сами ако се способни за такво нешто“,

рече Тасевски.

Поради спорните огласи и постапки за вработување, Синдикатот најави штрајк за Нова година, но потоа постигна договор со управата да биде вклучен во процесите за да се избегнат нестручни вработувања. Прашан дали повторно ќе организираат штрајк, Тасевски рече дека во наредните неколку дена не очекува да дојде до такво нешто, но ако продолжат работите да се одвиваат на ист начин, нема да има само штрајк на контролорите, туку на сите вработени во М-НАВ.

„Ќе биде тотално затворање на воздушниот простор“,

рече тој.

Последниот оглас спорен по повеќе основи

Тој посочи повеќе спорни елементи во последниот оглас за вработување, меѓу другото дека кандидати што ги поднеле сите документи и кои во пријавниот лист имале наведено што сè доставиле, биле одбивани поради „непотполна документација“. Не бил испочитуван ниту временскиот рок за пријавување, а во селекцијата не бил вклучен синдикатот, иако тоа, како што вели, е обврска на работодавачот според колективниот договор и според спогодбата што ја постигнале како предуслов за да го стават штрајкот во мирување.

„Ќе се оди на оспорување на целиот овој конкурс за вработување, ќе се спорат многу аргументи, ќе се спорат вработувања на претходни директори што биле во М-НАВ, при што и покрај донесеното мислење од Државна комисија за спречување на корупцијата, каде што е јасно посочено дека не смее да има никаква инсинуација дека станува збор за наместен конкурс, овде е веќе јасно и очигледно за кого е предвидено работно место уште од почеток, за Миљаим Селмани станува збор“,

рече Тасевски.

Синдикалниот лидер очекува дека ќе има реакции и од одбиените кандидати, но, како што рече, според неговите информации, тие сè уште не добиле официјален допис дека се одбиени, со образложение за причините, за да им се овозможи да поднесат жалби во одреден рок. Од една страна, тие не се известени, а од друга, примените кандидати биле вработени, вели Тасевски. Синдикатот, продолжи тој, имал информации дека во Агенцијата за вработување имало седуммина пријавени инженери и техничари, но директорите уште во старт тргнале четворица од нив од списокот.

„Тоа кажува дека тука работите не се како што треба и дека дефинитивно има простор за чешлање од страна на Трудовата инспекција, којашто е надлежна за целава работа, меѓутоа може да се вклучи и Антикорупциската. Си има институции коишто ги повикувам јавно да се активираат не само во поглед на овој конкурс, туку и во многу други работи“,

рече Тасевски.

Меѓу „другите работи“ што ги споменува е и реновирањето на гаража од 280 квадратни метри за 400 илјади евра, за што тој веќе пишуваше на социјалните мрежи.

„Ако некој смета дека тоа не е доволна причина за органите да се активираат тука, тоа е навистина голем проблем, кога самите институции се прават слепи и глуви на овие работи што веќе се познати за јавноста“,

рече на крајот Тасевски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Асошиејтед прес го прогласи плагирањето за „оружје на конзервативците“

Следно

Турските безбедносни сили неутрализираа 36 терористи изминатата недела

Latest from Blog

Како да цепи дрва- девојка со секира го нападнала своето момче на спиење, при апсењето се смеела

Жена од Северна Дакота е обвинета дека се обидела да го убие своето момче додека спиел, користејќи секира, а еден сведок рекол дека звучело како да „сече дрва“ додека го „удирала“ по

Светскиот шампион со Франција на 31 година замина во пензија

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самуел Умтити објави дека ја завршува својата играчка кариера, објави францускиот весник „Л’Екип“. Умтити (31) објави на социјалните мрежи дека одлучил да ја заврши својата играчка кариера, откако

Американската војска нападна брод од Венецуела: Трамп итно се огласи – има мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека американската војска извршила повторен напад врз брод за кој постоеле сомнежи дека превезувал дрога од Венецуела, при што загинале три лица. Трамп ја сподели информацијата преку

Над 30% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со локалните проблеми

Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за актуелните општествени случувања и за рејтингот на политичарите и партиите. Од резултатите презентирани вечерва во емисијата „Објектив“,
Go toTop