Славе Ѓорѓо Димоски ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема

January 4, 2024
2 mins read

За поетското дело „Денес“, Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2023 година. Наградата што во чест на славниот македонски поет и преродбеник ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде врачена на посебна свеченост, а наградената поема ќе биде објавена.

Одлуката за доделување на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2023 година едногласно ја донесе комисија во состав Милован Стефановски – претседател и Елизабета Шелева и Иван Додовски – членови.

Од вкупно седум ракописи, кои беа анонимно пријавени на конкурсот, комисијата ги издвои во потесен круг поемите: „Денес“ (пријавена под шифра „Сенед“), „Одблесок“ (пријавена под шифра „Еригон“) и „Армагедон – големиот суден ден“ (пријавена под шифра „Валтер“).

Општа оценка на Комисијата е дека квалитетот на дел од пријавените поеми не е на очекуваното ниво, особено имајќи ги предвид угледот на оваа награда и вредностите на некои наслови што биле наградувани
во изминатите години.

Наградената поема „Денес“ се издвојува од другите пријавени ракописи. Таа нуди драгоцени созвучја со современоста, дискретно актуализирајќи повеќе топоси како, на пример, постхуманизам, масовен хазард, миграции и војна. Во средиштето на лирското промислување е ставена кризата на субјектот и преиспитувањето на идентитетот во состојба на неизвесност, запрашаност и соочување со празнината: кој(а) сум јас, чија претстава сум, можна ли е комуникацијата со себе и со другиот? Поемата „Денес“ донесува освежување на канонскиот модел на жанрот, избегнувајќи ги архаичните обрасци и реторика. Композициски, поемата содржи три дела, секој со три пеења, сите проникнати со фино дозирани наративни секвенци и јасна нишка на приказна. Еден свеж, урбан (понекогаш и жаргонски груб, неуфемистичен) лирски глас наизменично, како во контрапункт, ги поврзува општата и интимната состојба: врз фонот на глобалната криза се открива драмата на Тој и Таа, неможноста за дијалог, комплетната замрзнатост како внатрешна духовна состојба, но и потребата за допир и за светост (што се изразува низ неколку библиски референци). Во поглед на исказот, поемата се одликува со економичност, со сугестивни дискурзивни решенија и со критички себесоголувања, како и со луцидни гномски стихови, кои имаат ефект на сликовити егзистенцијални поенти. Поемата завршува со слика на „празен подиум“ додека, како што се вели во последниот двостих, „победникот и поразениот / седат на исто место“. Така, субјектот во поемата „Денес“, по долго лутање – од студен зимски предел до Париз, од Тел Авив до Ерусалим – се чини дека наоѓа конечна епифанија “во тивкото .. ноќно ветре“ во Охрид, превозмогнувајќи го црнобелиот принцип на перцепција и вреднување, велат од Центарот за култура.

Славе Ѓорѓо Димоски (поет, есеист, преведувач) е роден на 18 март 1959 година во селото Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во два мандата бил претседател на Управниот одбор на НУ „Струшки вечери на поезијата“. Основач е и долгогодишен раководтиел на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“.

Автор е на книгите поезија: Гравири, 1979, Проект, 1982, Студен порив, 1985, Последните ракописи, 1988,. Спореден пат, 1991, Предмети и аргументи, 1994, Форми на страста (со цртежи на Сергеј Андреевски), 1998, Форми на страста / Forms of passion, (библиофилско издание со цртежи на Сергеј Андреевски и Дик Робертс, приредил Сашо Димоки), Macedonia Prima, 1999, Темно место, 1999, Мерач на зборовите (со цртежи на Сергеј Андреевски) , 2007, Хаику на разгледници, 2015 г. Јазичен триптихон, (со цртежи на Сергеј
Андреевски), 2015 г. Кумова слама, 2018 г., Јазик и леб,а 2019 г. Во книгата Поезија/Ткаења, 2014 г. e објавена неговата целокупна поезија пишувана од 1979 до 2014 година.

Објавил шест книги за деца и четири книги со есеи, а превел над триесетина книги на поети од словенското јазично подрачје. Дваесет книги му се преведени на стрнски јазици, а поединечни песни и поетски циклуси се преведени на над триесет и пет јазици, меѓу кои: англиски, француски, руски, малезиски, српски, романски, турски, албански, шведски, шпански, чешки, хрватски, словенечки, полски, азерски, украински, бугарски, германски, хебрејски, арапски италијански, грузиски, ерменски, монголски…

Наградуван е со повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, а меѓу нив „Браќа Миладиновци“, „Антево перо“, „Ацо Шопов“, Гран при интернационал (Романија), „Сергеј Есенин“ (Русија) и др. Двапати е добитник на највисокото охридско признание „Св. Климент – Патрон на Охрид (2000 и 2012 г.) Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени во Македонија и низ светот по 1982 година.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

САД: Судијка во Лас Вегас нападната од обвинетата при изрекување на пресуда

Следно

Холандија треба да е на готовс за војна со Русија

Latest from Blog

Единствениот преживеан во авионската несреќа на Ер Индија во која загинаа 241 лице: „Не сакам да разговарам со никого“

Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка.

Денес е преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што

ВРЕДИ: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала

ХАОС ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Полицијата спречи упад, силни топовски удари, БЛОКАДЕРИТЕ ЗАПАЛИЈА ШАТОР (ФОТО+ ВИДЕО)

Во центарот на Белград, пред Народното собрание, се собрале неколку блокадери, обидувајќи се да предизвикаат хаос, јавуваат медиумите. Според извештаите, блокадерите почнале да фрлаат камења и шишиња кон „Чациленд“. МУП издаде итно
Go toTop