Поднесено обвинение против 33-годишен скопјанец кој пукал со пиштол во Чаир

January 4, 2024
1 min read

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1, Насилство од член 386 став 1, како и Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик, информираа денеска од Јавното обвинителство. 

Обвинетиот во својот автомобил Ауди Q5 неовластено држел огнено оружје пиштол марка AG-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми. Пред зграда на улицата „Џон Кенеди“ го вперил пиштолот кон три лица, удирајќи со шлаканица еден од оштетените. Потоа испукал еден куршум во воздух. Со тоа извршил грубо насилство и предизвикал значителна опасност за животот на оштетените, а во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитров за М-НАВ: Од исходот на оваа борба зависи дали ќе нè биде

Следно

(ВИДЕО) Осуденик во САД незадоволен од пресудата скокнал врз судијата

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop