Десетта интернационална награда за „Кајмак“ и Манчевски

January 2, 2024
1 min read

Филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, ја заврши 2023 година со нова меѓународна награда – седма по ред за филмот, а вкупно десетта заедно со трите кои ги доби Манчевски во текот на изминатата година. „Кајмак“ беше прогласен за најдобар филм на фестивалот и-Фест во Палермо, Сицилија, кој заврши на 29 декември. Филмот ја доби Меѓународната награда на Град Палермо, а куриозитет е дека таа е изработена од прославениот сицилијански керамичар Нино Парука кој годинава одбележува пола век творештво.

Фестивалот му оддаде и почит на Манчевски, со почесна проекција на неговиот легендарен филм „Пред дождот“, добитник на Златен лав во Венеција и на номинација за Оскар, како и со мастерклас што режисерот го одржа во Палермо.

Му се радувам на ‘Кајмак’ оти се покажа дека е едно жилаво филмче – колку повеќе локалната филмска мафија се обидува да нѐ блокира со незаконски средства и него и мене, ние толку повеќе меѓународни награди собираме. На здравје и за многу години“, изјави Манчевски.

„Кајмак“ новата 2024 година ја стартува наскоро во официјална конкуренција за најдобар филм на фестивалот во Буенос Аирес, Аргентина.

„Кајмак” е еден од најуспешните македонски филмови и со најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, како и во Австралија и Карибите – од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска, Хрватска… Понатамошниот процес на пласман е во тек.

„Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија) во ноември 2022, потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, САД, Холандија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија во 2022 година.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: „Само“ 1.661 повици за итни случаи на 112 во последното деноноќие, по зголемениот број во празничните деноноќија

Следно

Израелскиот министер Бен-Гвир: Војната нуди можност за Палестинците да ја напуштат Газа

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви
Go toTop