(ФОТО+ВИДЕО) Бројот на загинати во Јапонија се искачи на 30, продолжуваат спасувачките операции

January 2, 2024
1 min read

Во градот Ваџима избувнаа пожари во повеќе од 200 згради, но мали се шансите тие дополнително да се шират, објавија претставници на префектурата Ишикава, пренесува агенцијата Кјодо

Бројот на жртвите од силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди Јапонија се искачи на 30. Најмногу луѓе загинаа во градот Ваџима, во префектурата Ишикава – 15.

Спасувачките операции продолжуваат, отежнати од тековните последователни потреси и оштетувања на патиштата.

Во градот Ваџима избувнаа пожари во повеќе од 200 згради, но мали се шансите тие дополнително да се шират, објавија претставници на префектурата Ишикава, пренесува агенцијата Кјодо.

Утринава снимка од јавниот сервис НХК покажува седумкатница која се урна и од неа се издига чад, во централниот дел на Ваџима.

Предупредувањата за цунами за областите долж брегот на Јапонското Море беа укинати утринава, откако највисокиот бран од околу 1,2 метри стигна до пристаништето Ваџима во понеделникот вечерта.

Земјотресот предизвика штети и во префектурите Нигата, Тојама, Фукуи и Гифу.

Поглед на оштетен пат по силен земјотрес во Каназава, префектура Ишикава, Јапонија, 02 јануари 2024 година, Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

„Исклучително е тешко возилата да влезат во северните области на полуостровот Ното“,

изјави премиерот Фумио Кишида на прес-конференција, додавајќи дека централната влада ја координира испораката на хуманитарна помош со бродови.

Околу 1 000 припадници на силите за самоодбрана се ангажирани во операциите за спасување и помош, додаде Кишида.

Поглед на оштетен пат по силен земјотрес во Каназава, префектура Ишикава, Јапонија, 02 јануари 2024 година, Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,6 степени според Рихтеровата скала, во понеделникот ја погодија јапонската префектура Ишикава, на брегот на Јапонското Море.

Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на околу 30 километри североисточно од Ваџима, на длабочина од 16 километри.

Земјотресот во Овајшикава, според јапонската сеизмичка скала, бил со јачина од 7 степени, што е највисоко ниво на скалата, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд

Следно

Зеленски: Западот го изгуби чувството за итност во помагањето на Украина, а Украинците го изгубиja чувството за егзистенцијална закана

Latest from Blog

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви

Пожар избувна во локал во центарот на Скопје

Пожар вечерва избувна во пекара на „Рекорд“ во центарот на Скопје. На теренот веднаш пристигнало едно пожарникарско возило. Засега причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат утре. На местото

Неверојатно: Додека цела земја го чека дуелот со Англија, денеска продолжи првенството во Норвешка!

ФОТО:.facebook.com/fotballandslaget/ Некој во Норвешка одлучи дека шестнеделна пауза е сосема доволна, па оваа сабота – додека целата земја го чека историскиот натпревар со Англија – фудбалското првенство продолжи. Лилестром го победи Фредрикстад
Go toTop