Илјадници луѓе сместени во центри за евакуација по земјотресот во Јапонија – смртниот биланс се искачи на четворица загинати

January 1, 2024
2 mins read

Засега останува непознат бројот на луѓе заробени под урнатите згради во неколку градови, а целосната слика за штетите од земјотресот најверојатно ќе биде појасна утре, но евидентно е дека станува збор за големи оштетувања на инфраструктурата

Илјадници луѓе во Јапонија ноќта ја минуваат во центрите за евакуација по серијата земјотреси што денеска го погодија островот Хоншу, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, јавуваат светските медиуми.  

Предупредување се цунами се емитува по силниот земјотрес што денеска ја погоди Јапонија / Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Според јапонската новинска агенција Кјодо, смртниот биланс на загинати во земјотресот се искачи на четири лица, потврдиле локалните власти, а десетици други се повредени. 

Засега останува непознат бројот на луѓе заробени под урнатите згради во неколку градови, како последица на силниот потрес.  

Земјотресот се случи денеска околу 16 часот по локално време (7 часот според Гринич), по што беше издадено предупредување за цунами од највисоко ниво кое подоцна беше повлечено.  

По првичниот земјотрес беа регистрирани околу 60 потреси, пренесува Би-би-си.  

Целосната слика за штетите од земјотресот најверојатно ќе биде појасна утре, но евидентно е дека станува збор за големи оштетувања на инфраструктурата.

Официјални лица во градот Сузу во префектурата Ишикава соопштиле дека повеќе станбени објекти се урнати, има оштетивања на мрежата за електрична енергија, а главните автопати во близина на епицентарот на земјотресот се затворени. Повеќе од 36 000 домаќинства се останати без струја. 

Првично, по силниот земјотрес беше издадено предупредување за цунами од највисоко ниво за крајбрежната област Ното во Ишикава, во близина на епицентарот на земјотресот, при што властите соопштија дека брановите би можеле да достигнат висина од 5 метри. 

Според извештаите на локалните медиуми кои ги пренесува британскиот национален сервис, станува збор за прво вакво известување за цунами во Јапонија од 2011 година, кога силен земјотрес кој предзвика бранови високи до 40 метри го опустоши североисточниот дел на земјата.  

Брановите кои денеска го погодија крајбрежјето на Ишикава на брегот на Јапонското Море не беа повисоки од нешто повеќе од еден метар.  

Предупредувањето од највисоко ниво подоцна беше намалено на категорија за претпазливост.  

Инаку, во состојба на готовност, беа и блиските префектури Ниигата и Тојама.  

Јапонија е една од сеизмички најактивните нации на Земјата, поради нејзината локација на таканаречениот Огнен прстен на Пацификот, каде што се среќаваат многу тектонски плочи. Постојаната закана од земјотреси ја натера Јапонија да развие еден од најсофистицираните системи за предупредување од цунами во светот. 

Во погодените области има неколку нуклеарни централи, но надлежните јапонски власти соопштија дека нема ризик од истекување на радиоактивни материи од постројките.  

Штети од земјотресот во Јапонија / Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/

Метеоролошките агенции на Јужна Кореја и на Русија, исто така, издадоа предупредувања за цунами по земјотресот. 

Земјотресот со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Јапонија во 2011 година резултираше со цунами што ги опустоши североисточните крајбрежни населени места на земјата. Во него загинаа речиси 18 000 луѓе, а десетици илјади беа раселени.  

Брановите од цунамито тогаш предизвикаа нуклеарно топење во електраната Фукушима, што беше причина за една од најтешките нуклеарни несреќи во историјата, по онаа во Чернобил во 1986 година во тогашниот Советски Сојуз, потсетува Би-би-си.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Врховниот суд на Израел „пресече“ против контроверзните судски реформи на Нетанјаху

Следно

Најмалку две лица загинаа во земјотресот во Јапонија, шест се затрупани под урнатините, соопшти полицијата

Latest from Blog

Снегот падна, власта заспа, болниците полни со пациенти поради загадениот воздух

Извештајот на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој го потврди она што граѓаните веќе го знаат дека земјста е меѓу најпогодените од загадувањето на воздухот и дека поради тоа

Гордана Јанкуловска: Борбата за правда продолжува

Борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето, напиша на својот фејсбук-профил Гордана Јанкуловска, поранешната министерка

Пренџов: Нова година, стари финти на ДУИ, поднесување интерпелации, маска за срамот кој им се случи со Груби

„Дискутабилно е. Зошто? Ако направите една анализа на она што се случува во ДУИ и што го рефлектира на политичката сцена, ќе видите дека изминатите години истите потрошија огромна сума на средства,

Израел ќе одобри изградба на 2.749 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег во рок од шест месеци

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелските власти планираат во наредните шест недели да одобрат изградба на 2.749 нови станбени единици на окупираниот Западен Брег, соопшти денес израелската организација против населување „Мир сега“, јавува
Go toTop