Граѓаните на Косово од денеска можат да патуваат без визи во земјите од Шенген

January 1, 2024
2 mins read

За време на церемонијата на аеродромот во Приштина, косовскиот премиер Курти побара од граѓаните кои патуваат без визи да ги почитуваат условите и критериумите, а претседателката на Косово Вјоса Османи, честитајќи ја визната либерализација, на Фејсбук напиша дека 2024 година започнува со „слобода на движење која предолго и неправедно се ускратуваше“ на граѓаните на Косово

Од денеска (1 јануари 2024 г.) граѓаните на Косово можат да патуваат без визи во сите земји на Европската Унија (ЕУ) членки на Шенген зоната.  

На Маѓународниот аеродром во Приштина беше одржана церемонија по повод стапувањето на сила на визната либерализација / Фото: Фејсбук-профил на Албин Курти

Визната либерализација, која стапи на сила денеска, им овозможува на граѓаните на Косово, кои имаат биометриски пасоши, да останат до 90 дена, во рок од шест месеци, во која било од земјите членки на Шенген зоната. 

Косовскиот премиер Албин Курти по тој повод денеска изјави дека на граѓаните на Косово со години им било одземено правото да се движат без визи во Шенген зоната на ЕУ, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.  

За време на церемонијата на аеродромот во Приштина, Курти побара од граѓаните кои патуваат без визи да ги почитуваат условите и критериумите, „бидејќи така ја почитуваме и ја воздигнуваме нашата земја“. 

„Затоа, утрово во Новата 2024 година, нема подобар начин да се започне од проширување на правата и можностите на нашите граѓани. Предолго чекавме, ни беа ускратени многу можности. Затоа, ова е важен ден, а е елиминирана големата неправда и се добива важно право, правото да се патува без виза во Шенген зоната“,

рече Курти. 

Косовскиот премиер Албин Курти во обраќање на церемонијата по повод визната либерализација / Фото: Фејсбук-профил на Албин Курти

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, честитајќи им на граѓаните за визната либерализација, рече дека 2024 година започнува со „слобода на движење која предолго и неправедно се ускратува“. 

Таа на Фејсбук напиша дека „народот на Косово со непоколеблива посветеност докажа дека не се откажува од своето вистинско место во европското семејство“. 

„Година која започнува поволно, година која започнува со слобода на движење, слобода која ни е ускратена предолго и неправедно. Но, како и секогаш, со непоколеблива посветеност, народот на Косово докажа дека никогаш не се откажува од своите заслуженото место во европското семејство. Среќна визна либерализација на Косово“,

напиша Османи. 

Денеска од Меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина беше организирано првото безвизно патување за победниците на квизот на Европската Унија, кој беше организиран како дел од информативната кампања на властите за либерализација на визниот режим.

Безвизното патување е за туристички посети, семејни работи и слично. Сепак, визната либерализација не значи работни дозволи или други бенефиции. 

Косово беше последната земја на Западен Балкан чии граѓани досега не можеа слободно да се движат во Шенген зоната. 

Од 2018 година, Европската комисија неколку пати потврди дека Косово ги исполнило сите услови за визна либерализација, но некои земји постојано изразуваа резерви. 

Претседателот и премиер на Албанија Бајрам Бегај и Еди Рама му честитаа на Косово за визната либерализација кои, исто така, оценија дека станува збор за заслужено, но задоцнето достигнување. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маж најден мртов во Кучевиште

Следно

Пет новороденчиња ноќеска во Охрид – првото е машко!

Latest from Blog

И Здравје и Работа: Наместо најгласните, државата треба да го слуша најстручниот глас за „Иловица Штука“

Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди

Швајцарскиот селектор бесен на судијата: Ваквите одлуки му штетат на фудбалот

Швајцарската фудбалска репрезентација беше запрена во четвртфиналето на Светското првенство по драматичниот пораз од Аргентина со 3:1 по продолженијата. Сепак, натпреварот беше обележан со контроверзна судиска одлука, за која тренерот Мурат Јакин

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/EnglandTeam/ Норвешка – Англија 1:2 и тоа по продолженија од 2Х15 минути. Ова е исходот од четвртфиналниот меч во Мајами, со што “Трите лава“ се пласираа во полуфиналето. Белингам е херојот, Белингам

Русите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружје

Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви
Go toTop