Скопје: Министерот за здравство, Меџити, го посети првото бебе родено во 2024 година

January 1, 2024
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за здравство на Северна Македонија, Фатмир Меџити, и министерката за труд и социјална политика на земјата, Јованка Тренчевска, утрово ја посетија Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, каде синоќа после полноќ, во 00:00 часот се роди првото бебе во 2024 година, пренесува Анадолу.

Според соопштението на Министерството за здравство, станува збор за здраво машко бебе, тешко 3.760 грама и долго 52 сантиметри. Ова е прво дете во семејството Стефковски.

„Ја користам оваа прилика на граѓаните да им ја честитам Новата година и да им посакам пред сѐ добро здравје и успеси. Ние како министерство продолжуваме во новата година да спроведуваме политики и мерки за заштита на здравјето на мајките и новороденчињата, како и на сите други пациенти“, изјави Меџити при посетата.

Меџити му посака здравје, среќа и безгрижно детство на новороденото бебе, а на родителите им ги честита новогодишните празници.

Министерката за труд и социјална политика, Тренчевска, информираше дека традиционално секоја година со министерот за здравство се во посета на јавно-здравствената установа каде што се раѓа првото бебе.

„Оваа година е Универзитетската клиника за гинекологија и акушество, точно на полноќ се роди првото машко бебе Алек и им честитам воедно на родителите, на мајката и таткото Стефковски. Нека им е живо и здраво, да има среќно детство, секако да бидат и тие среќни родители, тоа им е прва рожба во фамилијата“, рече Тренчевска.

Директорката на ГАК, Викторија Јовановска, потенцираше дека годината почнала убаво со три родени бебиња во првите 15 минути веднаш по новата година.

„Годината почна убаво, со родени три бебиња во првите 15 минути веднаш после Новата година, што би требало да биде добар знак дека годината ќе ни биде многу подобра од претходната, и се надеваме дека ќе имаме повеќе здрави и доносени бебиња и повеќе среќни родители“, изјави Јовановска.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: Обвинителството ќе оцени како ќе постапува во случајот со Дрин Ахмети

Следно

Немири во Холандија за време на новогодишната ноќ, приведени над 200 лица

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop