Новогодишен караван во Кисела Вода, поделени 3000 пакетчиња

December 29, 2023
1 min read

реклама


Новогодишниот караван кој во изминатите денови патуваше низ сите населби и населени места во Општина Кисела Вода, денеска пристигна на својата финална дестинација што донесе бескрајна среќа на лицата на илјадници дечиња во паркот во Расадник. 

Како што наведуваат од Општината, Дедо Мраз во кочија придружуван од распеан детски оркестар се придружи на големиот број музичките ѕвезди и изведувачи.

реклама

-Големиот хепенинг организиран од Општина Кисела Вода, започна со претстава на децата од градинките од општината, продолжи со концерт на „Поточиња“. Потоа на сцена се појавија Сара Мејс заедно со „Данса Латина Стефи“, а на крај настапија и Пајак и Лара. Сите 3000 присутни дечиња потоа добија бесплатни пакетчиња. Сценографијата на настанот беше дополнета со штандови на кои се продаваа новогодишни изработки. Средствата од продажбата се наменети во хуманитарни цели за лекување на младиот Леонид Индов кој настрада во несреќен случај, наведуваат од Општината.

На сите свои жители Општина Кисела Вода им ја честита Новата 2024 година со желби за многу дравје, среќа и успех, посочуваат од скопската општина.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Израелски одбранбени сили: Пронајден и уништен станот во кој се криел лидерот на Хамас

Следно

Македонски краток филм кој вреди да се погледне: Скопје 2020

Latest from Blog

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop