Победа на македонските ракометари на првиот тест пред Европското првенство

December 29, 2023
1 min read

Македонската репрезентација во ракомет денес попладнево ја совлада Црна Гора со 39-37 во Стара Пазова, Србија. Ова е првиот од серијата контролни натпревари што ќе го имаат нашите репрезентативци пред да заминат на Европското првенство во Германија.

– Одлична проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во одлични клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме сето она што го работевме на подготовките.
Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар. Играчите ќе добијат заслужен одмор. Со работа продолжуваме на 2 јануари – истакна селекторот Кирил Лазаров по мечот.

Со натпреварот против Црна Гора, избраниците на селекторот Лазаров ги комплетираа мини-подготовките во Србија и по враќањето во Македонија повторно ќе се соберат на 2 јануари, по што следуваат контролни натпревари против Грција на 4 и 5 идниот месец.

Настапот на Европското првенство репрезентацијата на Македонија го стартува на 10 јануари во премиерниот дуел против Франција во Дизелдорф, во рамки на групата А во која се и домаќинот Германија, како и Швајцарија.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Управниот суд го укина разрешувањето: Весна Дамева се враќа на чело на Судскиот совет

Следно

Панел-дискусија со наслов „Газа: Жртви на човештвото и иднината“ во Скопје

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop