Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

December 29, 2023
2 mins read

реклама


Домашните капацитети во Скопје, Охрид, Крушево, Дојран и Битола, но и во зимските центри, за новогодишните и божиќните празници ќе бидат исполнети 70 до 80 отсто. Ова е оценката на Љупчо Јаневски, кој до пред два дена беше директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Во разговор за МИА, направен пред да поднесе оставка од функцијата, Јаневски ги коментираше актуелните состојби, но и проекциите за наредниот период. Рече дека во 2024 година очекува донесување на стратегијата за туризмот, прераснување на Агенцијата за туризам во министерство, создавање туристичка инспекција и туристичка полиција, како и дигитализација на секторот преку е-платформа која ќе овозможи, како што истакнува, реално планирање и објективни бројки, намалување на сивата економија и нов инвестициски циклус.

реклама

Јаневски, како што изјави за МИА, поднесе оставка од лични причини.

АППТ треба да израсне во национална туристичка организација, а не да биде дел од некое министерство во кое ќе се зголемува само административниот апарат, дециден е Јаневски.

реклама

Според Јаневски, на Северна Македонија и се неопходни стратегиски чекори во туризмот кои ќе ги убедат инвеститорите дека наредните десет години оваа наша индустрија ќе оди во континуиран раст.

Тој забележува дека туризмот во земјава се уште не се третира еднакво со останатите економски гранки, а еден од показателите за тоа, напоменува, е повторно намалениот буџет на Агенцијата.

реклама

Меѓу приоритетните сегменти за развој на туристичката индустрија, Јаневски ги посочува алтернативниот и ено-гастро туризмот. Подвлекува и дека земјава е дефинитивно дестинација за четири сезони.

-Во овие два сегмента гледам огромен потенцијал. Алтернативниот и ено-гастро туризмот ни се силна страна и тоа се покажа изминативе години. Сепак, мора да развиваме стратегија и тука. Сега понуди имаме, но само за еднодневни екскурзии. Потребни ни се поголем број сместувачки капацитети, па наместо еднодневни, да имаме дводневни или повеќедневни аранжмани. Добро е да се додаде и дека 70 – 80 отсто од услугата таму е од локалното население, што значи можност за нови работни места и локален економски развој. Имаме идеални услови, но мора да ги искористиме, а тоа не може без државна стратегија, нагласува Јаневски.

Тој потсетува и дека нашиот ено-гастро концепт е уникатен.

Дополнителна поддршка за македонските тур-оператори кои во својата програма за 2021 година ќе ги стават домашните туристички центри, предлага Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (А

-Со 225 винарии, повеќе од 1 000 различни етикети и вински рути, навистина можеме да ги развиваме руралните средини. Во наредните 5 – 10 години повеќе од 200 000 – 300 000 ноќевања може да донесе ено-гастро концептот во руралните средини и да отвори нови капацитети. Во однос, пак, на алтернативниот туризам, не се доволни само нашата географска положба и предусловите за развој. Мора сериозно да работиме на понудите и тука, на пример, националните паркови треба да ги гледаме како голема можност. Еве, Скопје на само 40-на километри ја има Попова Шапка што е добра опција за викенди. Би потенцирал и дека големиот број велоспиедски и планинарски патеки се доволен мотив за туристите да не посетат, укажува Јаневски.

Во разговорот, тој се осврнува и на туризмот во општините. Оценува дека поголемиот дел од нив се уште не го перципираат како економска гранка која може да влијае многу врз локалниот економски развој.

-Се уште голем број општини оставаат туризмот да се случува стихијно, без да ги знаат бројот на ноќевањата и бројот на туристите во нивните сместувачки капацитети. Низ годиниве често можевме да сретнеме некатегоризирани капацитети, а тоа го забележа и Светската туристичка организација која ја издвои сивата економија на Западен Балкан со ниво од 40 – 45 отсто, вели Јаневски.

Неговите очекувања се дека вкупните бројки за 2023 година ќе покажат до 590 милиони долари реализиран промет од туризмот.

ФОТО: Архива

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот на Либан предупреди на можна општа војна доколку Израел продолжи со провокациите

Следно

Новогодишен МСУ водич и матине

Latest from Blog

„Лица“ – изложба на Ангел Коруновски за борбата на поединецот во современото општество

Во изложбениот простор „Мала станица“ во Скопје, утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ на ликовниот уметник Ангел Коруновски. Станува збор за серија дела што се фокусираат на човекот како

Кејн со секој натпревар урива по некој рекорд, сега го собори оној на Робен

фото: FC Bayern Munchen (X) Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, постигна гол на вчерашниот натпревар против Хајденхајм (4-0) во 15-то коло од Бундеслигата, поставувајќи рекорд во германската лига. Англичанецот со вчерашниот

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го назначи гувернерот на сојузната држава Луизијана, Џеф Ландри, за специјален американски пратеник за Гренланд, голема данска полуавтономна територија за која претходно рече дека САД треба да

СДС и ДУИ создаваа лажна конкуренција на тендери за да можат да перат пари од буџетот

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „СДС и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција. Во 2023 година, преку

Шест начини да го одложите појавувањето на седи влакна што е можно подолго!

Иако генетиката игра најголемо влијание во појавата на седите влакна, стручните лица нагласуваат дека сепак може донекаде да влијаеме на темпото на белеење на косата. Со правилна нега, подобра исхрана и неколку
Go toTop