Ќучук со порака до С Македонија дека пропушта огромна можност, а до Србија дека и таа треба да ги почитува правата на Бугарите

December 28, 2023
1 min read

реклама


Скопје пропушта огромни можности со тоа што одбива да ги спроведе неопходните реформи кои ќе му овозможат конечно да ги започне преговорите за членство во ЕУ, смета бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

– Скопје пропушта огромен прозорец на можности кој нема да се отвори во следните неколку години. ЕУ се менува многу брзо, вели Ќучук во изјава за Бгнес.

реклама

Нагласува дека денес политиката на проширување на ЕУ е пред се геополитичко прашање, што може многу јасно да се види на примерот на Украина, Грузија и Молдавија.

– Денес Северна Македонија се соочува со големата дилема, која не е само политичка, туку и социјална. Дали сака да продолжи по патот на својот цивилизациски развој, реформирајќи ги сите општествени сфери, а со тоа да ги приближи своите граѓани до ЕУ или не сака да се оддалечи од местото каде што е. Мора да се реши прашањето меѓу двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Мојот апел отсекогаш бил можностите да не се пропуштаат, бидејќи тоа ја оддалечува Северна Македонија од ЕУ, истакнува Ќучик.

реклама

Според него, постои веројатност Албанија да ги почне преговарите во март или април, со што Северна Македонија ќе остане во групата со Косово и Србија, што ќе им даде дополнителен поттик на антиевропските сили кои се против ЕУ.

Ќучук ја оцени како деструктивна улогата на Србија, која, како што наведува, преку поддршката за оружениот напад во Бањска се обидела да ја наруши кревката стабилност во регионот на Западен Балкан. Наместо да биде фактор на стабилност, вели бугарскиот европралементарец, Белград во моментов со својата политика го прави токму спротивното.

реклама

Нагласува дека патот на европеизацијата и на Србија минува низ почитување на правото на самоопределување, вклучително и на оние кои се дефинираат како Бугари.

– Презедовме иницијатива со нашите колеги европратеници да им покажеме и на српските власти и на европските институции дека има проблем во Србија и тоа се нарекува непочитување на различноста на Бугарите, но не само на Бугарите, и тоа е суверено и исконско право, рече Ќучук.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Со проевропско мнозинство, ќе ги продолжиме евроинтеграциите, до 2030 година ќе бидеме полноправна членка на ЕУ

Следно

Македонци не смеат да се пријават, се бараат Албанец и Турчин за лекари на ГАК!

Latest from Blog

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи

Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена

Малолетничка со породилни болки вчера била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен
Go toTop