Првата VUSE вејпинг зона се отвора во Скопје: Број 1 глобалниот вејпинг бренд го зајакнува своето присуство во земјата

December 28, 2023
1 min read

Број 1 глобалниот вејпинг бренд VUSE ја отвори првата вејпинг зона во East Gate Mall во Скопје. Со оваа зона, VUSE го засилува своето присуство во Скопје, како и во целата земја, ќе им овозможи на посетителите да се запознаат со сите карактеристики, како и ги да купат сите достапни верзии на VUSE уредите. Сите посетители ќе имаат можност да видат како напреднатата технологија и иновативниот дизајн се спојуваат за да создадат нешто уникатно и извонредно, обезбедувајќи помалку штетна алтернатива од пушењето. Vuse е број 1 глобален вејпинг бренд, според уделот на пазарот и првиот глобален вејпинг бренд со јаглеродна неутралност. Производите на Vuse се достапни на 33 пазари, со повеќе од 10 милиони потрошувачи ширум светот.

Овој производ е водечки вејпинг производ на БAT (Britsh American Tobacco) и истиот е резултат на години истражување, со научни студии кои ги потврдуваат едни од најзначајните предности на VUSE производите. Неодамна објавената  студија покажа дека VUSE е значително помалку штетен во споредба со традиционалните цигари, има подобри резултати за биомаркерите кои се релевантни за болести поврзани со пушењето и испушта пониски нивоа на штетни материи кои се создаваат преку процесот на согорување на конвенционалните цигари.

„Со постојано унапредување на нашите производи, целиме да им обезбедиме на нашите потрошувачи различни алтернативни производи кои се докажано помалку штетни. Новите категории производи стануваат сè посериозни бидејќи возрасните пушачи се повеќе бараат алтернативни никотински производи со намален ризик. Оваа VUSE зона ќе им овозможи на возрасните пушачи кои бараат помалку штетна алтернатива да пробаат што е најдоброто за нив и дознаат повеќе за вејпинг производите“, изјави Саше Николовски, Директор на ТДР СКОПЈЕ ДООЕЛ.

Во новоотворената VUSE зона, потрошувачите ќе дознаат за клучните предности на овие уреди, како што се едноставноста на користење и бројните предности. Меѓу главните предности е отсуството на чад од цигари, значително намалување на непријатниот мирис на кожата, косата и облеката на корисникот, како и во затворените простории каде што производот се користи.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МОН ги промовираше првите дигитализирани интерактивни учебници за четврто, петто и шесто одделение

Следно

Министер за одбрана на Косово: Инвестициите во вооружувањето достигнаа 239 милиони евра

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop