(ФОТО+ВИДЕО) Големо невреме ја погоди Британија, торнадо откорна покриви од куќи во Манчестер

December 28, 2023
1 min read

Бурата Герит што ја погоди Велика Британија вчера остави илјадници луѓе без струја. Како што пишува Скај њуз, околу 14 000 домаќинства утринава сè уште се без струја

Стотици домови се оштетени откако, како што пишува Би-би-си, локализирано торнадо погоди дел од Манчестер. Полицијата по торнадото прогласи голем инцидент поради сериозноста на штетата и потенцијалниот ризик за јавната безбедност.

Торнадото ги откорна покривите од куќите, урна дрвја и ѕидови.

Полицијата соопшти дека нема извештаи за повредени.

„Овој инцидент несомнено погоди многу луѓе, при што многу жители беа раселени од нивните имоти преку ноќ. Наш најголем приоритет е да ги заштитиме луѓето, поради што ги советуваме раселените да не се враќаат или да не влегуваат во нивните домови, кои се значително оштетени додека не ги проценат градежници“,

рече началникот на противпожарната служба.

Илјадници без струја

Бурата Герит што ја погоди Велика Британија вчера остави илјадници луѓе без струја. Како што пишува Скај њуз, околу 14 000 домаќинства утринава сè уште се без струја.

„Условите на терен се лоши, силниот ветер ни ја отежнува работата, некои би можеле да останат без струја 48 часа“,

велат од локалното електростопанство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Го грабнале, му ја запалиле облеката и го силувале за долг од 150 евра

Следно

Валентина Цвејоска Чолаковска е нова директорка на Детската клиника

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop