„Потсетување на пораките за љубов и мир“: Во Бодрум одбележана 750-годишнината од смртта на Мевлана Руми

December 28, 2023
1 min read

МУГЛА (АА) – Во градот Бодрум, во турската област Мугла, изведена е манифестација по повод 750-годишнината од смртта на познатиот суфиски мистик, поет и теолог Мевлана Џелалудин Руми, јавува Анадолу.

На манифестацијата настапи суфиски музички ансамбл од Конја, а беше изведен и танцот сема.

Во рамките на програмата особено беа истакнати пораките за љубов и мир на Мевлана.

На манифестацијата присуствуваа официјални лица на градот и голем број граѓани.

Низ цела Туркије и пошироко се одржуваат меѓународни манифестации за комеморација по повод 750-годишнината од смртта на Мевлана Џелалудин Руми.

Познатиот суфиски мистик, поет и теолог Руми почина на 17 декември 1273 година, а во овој период традиционално се организира во Конја свечената манифестација Шеб-и Арус.

Мевлана Џелалудин Руми беше суфиски поет познат во светот како Руми. Живееше во 13 век и се смета за еден од најголемите суфиски поети и филозофи на светот.

Поради неговите дела кои беа инспирација за целиот свет, Руми беше сакан и почитуван од припадниците на сите религии.

Руми беше исламски поет, филозоф, правник, учител, теолог и суфиски мистик, но беше и многу повеќе од тоа. Со својот пример го претставуваше животниот поредок и веруваше во „вистинската суштина“.

Руми, кој беше отворен за секого, без разлика на религиската припадност, стана симбол на еднаквост во светот во секоја смисла. По повод годишнината од 800-тиот роденден на Мевлана, УНЕСКО ја прогласи 2007 година за Меѓународна година на Руми.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Последното деноноќие најголем дел од повиците на 112 упатени кон полицијата

Следно

Стоилковски: Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување од придонеси на медиумските работници е за подобрување на нивниот стандард

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop