Курти: Ќе одговориме еквивалентно кога ќе се увериме дека Србија ја применува одлуката за косовските таблички

December 27, 2023
2 mins read

ПРИШТИНА (АА) – Косовскиот премиер Албин Курти денес изјави дека Владата на Косово ќе дозволи движење на возилата од Србија без налепници кога ќе се увери дека Белград почнал да ја применува својата одлука за признавање на косовските таблички, јавува Анадолу.

Курти на почетокот на седницата на Владата на Косово рече дека одлуката на Владата на Србија за признавање на косовските регистарски таблички се случила по повеќе од една деценија неспроведување на договорот за слобода на движење и по две години користење на табличките за дестабилизирање на ситуацијата на северот на Косово.

„Табличките во Косово во септември 2021 година беа искористени за да му упати закана на Косово со авиони МИГ 29 подигнати на небото над границата и да се обидат да го дестабилизираат северот на земјата, особено со 16 барикади поставени на патиштата во четири општини на север, три недели по ред, во декември минатата година“, рече Курти.

Тој понатаму потсети дека овој декември табличките „се користеле за намалување на притисокот на демократскиот Запад, Европската Унија и Соединетите Американски Држави врз Србија поради нерегуларните и недемократски избори, со цел да се покрие отфрлањето на Основниот договор во форма на писмо од премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, упатено до Европскиот совет на 13 декември и со цел да го прикријат нивниот неуспех во Бањска на 24 септември.

Косовскиот премиер оцени дека оваа одлука на Владата на Србија треба да се чита како маневар не во корист на државата Србија, уште помалку на Косово, туку за останување на власт.

Курти рече дека ставот на Косово во однос на табличките секогаш се заснова врз реципроцитет.

„Ќе продолжиме да бидеме принципиелни и конструктивни. Нашата еквивалентна одлука, како меѓудржавен реципроцитет, ќе ја донесеме штом нашата гранична полиција ќе документира и утврди дека Србија целосно и без мешање ќе ја спроведе својата одлука“, нагласи Курти.

Според најновата одлука на Владата на Србија, од 1 јануари сите возила од Косово ќе може да се движат слободно, без употреба на налепници, кои се залепени над државните ознаки на регистарските таблички. Оваа одлука доаѓа веднаш откако косовските власти забранија сообраќај на возила со стари српски регистарски таблички.

Европската Унија вчера ја поздрави одлуката на Владата на Србија официјално да ги признае регистарските таблички РКС, како позитивен чекор во имплементацијата на Договорот за пат кон нормализирање на односите, како и претходните обврски од дијалогот во однос на слободата на движење.

Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано, на социјалната мрежа Х наведе дека „оваа одлука го отвора патот кон целосно укинување на режимот на налепници и ЕУ сега очекува Косово да одговори на сличен начин“.

Примената на „режимот со налепници“ за регистарски таблички, според договорот постигнат во Брисел меѓу Косово и Србија, започна на 4 октомври 2021 година. Според тој договор, на премините и од косовска и од српска страна, ознаките на државата беа покриени со бели налепници на регистарските таблички. Со тоа заврши претходниот режим на издавање пробни таблички, но заврши и блокадата на патиштата од страна на локалните Срби од северот на Косово.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Претставка од Здружението на инженери на Македонија до Пендаровски: Со давање на владеење на водотекот на Црна Река на странска држава се загрозува одбраната на државата

Следно

Експерт: Употребата на систем со вештачка интелигенција од Израел во Газа дополнително ги зголемува цивилните жртви

Latest from Blog

Истрага на WSJ: Иран направи голема штета на клучната поморска база на САД (ВИДЕО)

Овој развој доаѓа откако иранските ракетни и беспилотни летала предизвикаа многу поголема штета отколку што јавно призна Пентагон. Истрагата, заснована на сателитски снимки, видеа на социјалните медиуми и официјални документи на Министерството

ВРЕДИ до ЗНАМ: Правда е забетонирана за ВЛЕН

Министерството за правда и министерството за култура се двете нови институции кои ќе ги добие Вреди по владината реконструкција, како што веќе објави Телевизија 24. Засега не е познато кои функционери ќе

Проданоски: Мариово е едно од највредните природни и културни богатства на Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот јубилеј – 40 години од манифестацијата „Мариовско-мегленски културни средби“, што се одржа во манастирот „Св. Илија“ во Мариово. На настанот,

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските
Go toTop