Експерт: Употребата на систем со вештачка интелигенција од Израел во Газа дополнително ги зголемува цивилните жртви

December 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Д-р Нур Наим, експерт од Газа во полето на етиката на вештачката интелигенција, за Анадолу изјави дека употребата на системот наречен „Госпел“ од страна на Израел во Газа го зголемил бројот на цивилни жртви, јавува Анадолу.

Таа рече дека израелската армија првпат користела автоматизиран систем за идентификација на цели во градот Газа за време на тековната војна.

„Израел, користејќи технологија за вештачка интелигенција наречена ‘Госпел’, погоди 15.000 цели во првите 35 дена од нападите. Овој број е многу поголем од бројот на цели погодени во претходните операции во регионот“, рече Наим.

Таа додаде дека за време на 51-дневниот конфликт во 2014 година Израел успеал да погоди околу 6.000 цели.

Д-р Наим нагласи дека за разлика од технологијата за вештачка интелигенција „Фајр Фактори“, која Израел ја користеше во 2021 година, во новиот систем не се зема предвид бројот на цели.

„Во ‘Фајр Фактори’ бројот на цели е поставен на пет лица поради потенцијална секундарна штета предизвикана од грешки во технологијата за вештачка интелигенција. Но, ‘Госпел’, која има способност да донесува одлуки, има способност да убива и да уништува без разлика на бројот на цели“, рече Наим.

„Поради тоа, бројот на жртви може да се движи од нула до еден милион. Ова значи дека (Израел) има огромна база на разузнавачки податоци и широк опсег на информации за цивилите“, рече таа.

„Израел убива илјадници луѓе за една цел што можеби никогаш нема да ја постигне во Газа“, рече таа.

„Сведоци сме на бруталноста на користењето вештачка интелигенција за време на војната“, додаде таа.

„Илјадници цивили се повредени или убиени како резултат на дивата технологија за вештачка интелигенција, што е без преседан во војните од модерната ера“, додаде Наим.

Израел започна жестоки воздушни напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, при што, според здравствените власти во Газа, загинати се најмалку 21.110 Палестинци, главно жени и деца, а 55.243 се повредени.

Се смета дека околу 1.200 Израелци се загинати при нападот на Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Курти: Ќе одговориме еквивалентно кога ќе се увериме дека Србија ја применува одлуката за косовските таблички

Следно

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники во Скопје 

Latest from Blog

Зеленски: Крим и припаѓа на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим ќе остане со Русија“, истакнувајќи оти полуостровот и припаѓа на Украина. „Нашиот став е непроменет: само украинскиот

Финалето од Купот на Македонија ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука финалето од Купот на Македонија да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Финалниот натпревар

Во престрелката на Бит Пазар загина 31-годишен маж

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар. Претдходно преку соопштение полицијата

ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект
Go toTop