Пожар во зграда во Албанија: Хоспитализирани 42 лица, сите граѓани се евакуирани

December 26, 2023
1 min read

ТИРАНА (АА) – Во пожарот што вчера избувна во зграда во градот Лушње, во Западна Албанија, поради задушување хоспитализирани се десетици луѓе, пренесува Анадолу.

Според наводите на надлежните, 42 лица доживеале задушување со дим, меѓу кои има пожарникари и неколку деца.

Во гаснењето на пожарот во зградата, во која се наоѓале трговски центар и станбен комплекс, ангажирани се повеќе десетици пожарникарски единици и полициски сили, а на местото на настанот пристигнале министри од Владата на Албанија.

Министерот за внатрешни работи на Албанија, Таулант Бала, изјави дека државната структура реагирала навреме за да одговори на тешката ситуација.

Министерот Бала рече дека ќе биде спроведена целосна истрага за причината на пожарот.

Министерката за здравство и социјална заштита, Албана Коџиу, потврди дека хоспитализираните лица не се во животна опасност.

„Ги посетивме сите граѓани што се хоспитализирани. Сите се вон животна опасност, благодарение на работата на екипата лекари. Сѐ е под контрола и ситуацијата е мирна. Граѓаните ја добија потребната терапија. Според информациите што ги имам, сите се евакуирани“, се наведува во соопштението на Министерството.

Операцијата за спасување траеше 5 часа, пренесоа албанските медиуми.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започна предновогодишната забава на плоштадот „Македонија“ – секоја вечер ќе има музика

Следно

Русија потврди дека нејзин воен брод е нападнат и оштетен на Крим

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop