На денешен ден пред 120 години излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков

December 25, 2023
1 min read

„За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков која ја истакнува посебноста на македонскиот јазик била издадена на денешен ден, 25 декември, во Софија, 1903 година. Истата година, денови по објавувањето бугарските власти наредиле книгата да биде спалена, а за среќа се зачувани неколку примероци.

Книгата ги истражува особеностите на македонскиот јазик и потребата тој да се кодифицира според централното наречје како еднакво оддалечено од соседните словенски јазици, дадени се научно-теориски погледи на кои подоцна Блаже Конески ќе го продолжи делото до конечна кодификација на јазикот.

Делото на 120 страници и во пет поглавја дава погледи и за актуелната состојба во Македонија од тој тежок период по Илинденското востание и ја дава идејата за обединување на сите територии каде живее македонскиот народ, зборува за неговата културолошка и народна самобитност.

Мисирков го поставува македонскиот правопис врз фонетска основа, со мали отстапки на етимологијата, а во лексиката предлага да се вклучуваат елементи од сите македонски говори.

Во македонската кирилица тој воведува неколку нови графеми: i, к‘, г‘, н‘, л‘, со кои таа се разликува од другите кирилски писма. Тоа бил модерен пристап од кој денес се произлезени буквите Ѓ и Ќ. Исто така, во согласност со фонетскиот правопис настојува на бележење на едначењето по звучност.

Четири од петте поглавја во книгата се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Санкт Петербург. Кружокот бил формиран во 1902 година од Мисирков, Димитрија Чуповски и 19 македонски дејци.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска: Преземаме мерки против загадувањето, но потребна е вклученост на сите засегнати институции

Следно

Села: Лично сум за самостоен настап на изборите, но конечната одлука ќе ја донесе Централното собрание на Алијанса

Latest from Blog

ПЛ: „Шумарите“ поразени дома, Евертон со моќна победа над Кристал Палас

фото: Premier League (X) Извонреден почеток на фудбалерите на Евртон на новата премиерлигашка сезона. „Сините“ од Ливерпул пред своја публика ги освоија премиерните три бода победувајќи со 2:0 на дуелот со Кристал

Петмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-Ток

Трагичната сообраќајна несреќа, која повторно го отвори прашањето за опасниот тренд на објавување снимки од диво возење на социјалните мрежи, се случила на 16 август, кога момчињата на возраст од 15 до

И Здравје и работа: Одлуките за рударството треба да се темелат на науката, стручноста и институционалната контрола

Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача

ВИДЕО | ХОРОР ВО РОДНИОТ ГРАД НА ЗЕЛЕНСКИ: Руски дронови погодија трговски центар, 16 лица загинаа

Спасувачите во Кривји Рих и натаму се борат со последиците од еден од најтешките напади врз градот во последниот период. Во разорниот руски напад со беспилотни летала врз трговски центар загинаа 16
Go toTop