Арсовска: Преземаме мерки против загадувањето, но потребна е вклученост на сите засегнати институции

December 25, 2023
2 mins read

реклама


Надлежностите и ресурсите на Градот Скопје за справувањето со аерозагаувањето се лимитирани.  Она што е во наш домен е во целост спроведено, а со препораки треба да излезе Министерството за животна средина вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, посочувајќи дека годинава тројно е зголемен бројот на инспекциски надзори од градот, како и бројот и сумата на глоби кои се изречени и наплатени кон оние што се загадувачи.

Според Арсовска, резултатите нема да бидат ништо подобри, доколку сите институции не постапуваат.

реклама

Таа денеска одговорајќи на новинарско прашање посочи дека и покрај тоа што од страна на Град Скопје биле исчистени голем број на депонии, биле редовно детектирани и утврдувани загадувачите, сепак проблемот имал потреба од вклученост на поголем број на институции.

-Она што е во наша должност го спроведуваме во целост, но ќе повторам треба сите да одлучат и да се преземат мерки затоа што ние како единка и покрај тоа што поднесуваме кривични пријави, покрај толку исчистени депонии, сепак повеќе од тоа нашите ресурси се лимитирани и додека не одлучат сите да работат во оваа насока резултатите нема да бидат ништо подобри од тоа што биле во изминатите 30 години, на крајот еден да чисти, а 10 да загадуваат никогаш нема да го постигне резултатот кој го сакаме и очекуваме, посочи таа.

реклама

Додаде дека Град Скопје ги има зголемено бројот на изречени глоби и инспекциски надзори.

-Оваа година се тројно зголемен бројот на инспекциски надзори, се зголемени бројот и сумата на глоби кои се изречени и наплатени кон оние што се загадувачи, работевме на три нови мега паркови отпочнавме со два нови мега паркови, отпочнавме и со постапката со која ќе треба во текот на наредната година да извршиме чистење и оплеменување на просторот кај вардариште, исто така отпочнавме и ја завршивме ботаничката градина во Скопје, морам да напоменам за првпат во 30 години покренавме кривична пријава за еден детектиран и утврден загадувач и се надевам дека и останатите институции ќе постапуваат. Исчистивме над 280 диви депонии кои сега гледаме некој сака повторно да ги полне, меѓутоа мора да разбереме дека градот Скопје има и десет свои општини има Министерство за животна средина има државен инспекторат за животна средина и голем број на други општински, локални и централни власти, посочи Арсовска.

реклама

Арсовска рече дека дополнително советниците на Град Скопје не сакале да гласаат за еколошки автобуси и бесплатен градски превоз.

-Само здружена акција ќе придонесе овој проблем да се реши, мора да признаеме дека со нашите капацитети со сите опструкции кои ги трпиме ние направивме многу, но сами не можеме да го направиме сето она што е непходни за решавање на овој проблем. Дополнително советниците на Град Скопје веќе цел година не гласаат за да има еколошки автобуси и не гласаат за тоа да имаме бесплатен градски превоз за да можат нашите граѓани како во останатите европски држави да имаат бесплатен превоз, пракса која гледаме дека во некои држави дава фантастични резултати и многу голем удел има во бробата против загадувањето затоа што граѓаните ги оставаат своите автомобили и користат безбеден ефикасен јавен превоз, кој притоа е и бесплатен, порача Арсовска.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Случајот „Онкологија“ заврши само со предистрага бидејќи е јасно дека оди до врвот, вели Николоски

Следно

На денешен ден пред 120 години излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков

Latest from Blog

Иран мобилизира жени во војска- учат да користат калашников, РПГ и снајпер (ВИДЕО)

Снимките и фотографиите објавени од иранските медиуми покажуваат жени, некои во униформа, како учат да ракуваат со автоматски пушки во центри за обука на отворено во Техеран, објавува британски „Телеграф“. Организаторите велат

Doli: Edhe 15 minatorë dolën nga miniera

Pesëmbëdhjetë minatorë kanë dalë nga miniera pas disa orësh të vështira të kaluara të ngujuar në thellësi, duke sjellë lehtësim dhe shpresë për familjarët dhe kolegët e tyre. Lajmin e ka bërë

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени
Go toTop