Од вечерва до Божиќ богата музичка и детска програма на плоштадот „Македонија“

December 25, 2023
1 min read

Под мотото „Градот убав ве кани сите“, вечерва во 18 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје стартуваат предновогодишни настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија.

Градоначалничката Данела Арсовска ќе се обрати во 19 часот веднаш по настапот на „Дајте музика“, а во исто време започнува празничниот базар, како дел од активностите што ќе траат до 7 јануари.

Од Комората на музичка индустрија информираат дека ќе има музичка програма за сечиј вкус, од најпопуларните изведувачи меѓу помладата публика, до македонските музички ветерани. 

– Празничниот базар ќе се отвори со настапот на младите талентирани музичари од Дајте музика, забавата ќе продолжи со музиката на бендот Брастет Скопје, а атмосферата ќе ја вжештат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд, стои во најавата. 

Во текот на празничниот базар, како што информираат организаторите, свои настапи ќе имаат ЕРА ѕвездите, Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар, Даниела Темелковска, Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

Ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и „Исполнета желба“ од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со дедо мраз и делење подароци. 

Низ празничниот базар посетителите ќе ги водат Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По вчерашните инциденти, за денеска најавена шестчасовна блокада на Белград

Следно

УНРВА вложува напори да овозможи нега за 50.000 трудници во Појасот Газа

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop