Неколку илјади луѓе на собирот за поддршка на Газа во Анкара: „Израел е убиец“

December 24, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Во Анкара, главниот град на Туркије, се одржа „Голем митинг за поддршка на Газа“ на кој присуствуваа неколку илјади луѓе со цел да се привлече вниманието на јавноста за човечката трагедија во Појасот Газа, јавува Анадолу.

И покрај студеното време, голем број граѓани излегоа на собирот организиран од Платформата за солидарност со Палестина.

На собирот присуствуваа и бројни претставници на политички партии и невладини организации, градоначалници и палестинскиот амбасадор во Анкара, Фаед Мустафа.

Група граѓани носеа кукли кои ги симболизираа убиените и ранетите во Газа.

Граѓаните ги извикуваа паролите „Заедно против угнетувањето“, „Илјадници поздрави за Газа“, „Анкара е со вас“ и „Спротивставете се, бидете слободни“.

Граѓаните носеа и транспаренти на кои пишуваше „Палестина не е сама“ и „Израел е убиец“.

На собирот кон небото беа пуштени балони за тригодишниот Рим и сите други деца убиени во израелските напади во Газа.

Метин Махитапоглу од Платформата за солидарност со Палестина прочита декларација во знак на поддршка за Газа.

Во декларацијата се наведува дека 78 дена во Газа се бомбардираат болници, училишта, џамии, цркви, куќи, пазари и народни кујни, и се потсетува дека масакрирани се жени, бебиња, деца, здравствени работници, хуманитарни работници и новинари.

Се наведува и дека многу западни земји, особено Соединетите Американски Држави, се соучесници во масакрот што Израел го врши врз Палестинците.

Во декларацијата се нагласува дека Газа денес е испит за целото човештво.

Израелските напади го оставија Појасот Газа во урнатини, со половина од станбениот фонд оштетен или уништен, а околу два милиони луѓе се раселени во густо населената енклава во која има недостиг на храна и чиста вода.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без уставни измени нема почеток на преговори – дали ќе има други услови од други земји, никој не знае!

Следно

Божиќна честитка до католичките верници од бискупот Киро Стојанов

Latest from Blog

Кога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….

  Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит

Беше исклучително важен сојузник на Украина, го посети Киев во петокот и ПОЧИНА 48 ЧАСА ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и еден од најистакнатите републикански застапници на поддршката за Украина, почина на 71-годишна возраст, само два дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Според

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од
Go toTop