Турски МИТ неутрализира висок терорист на ПКК

December 24, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) — Турската разузнавачка служба (МИТ) неутрализира висок терорист на ПКК/ЈПГ, соопштија денес турски безбедносни извори, јавува Анадолу.

Терористот, сириски државјанин со кодно име Бахоз Африн, е таканаречен водач на терористичката организација во регионот Ајн ал-Араб во северна Сирија, соопштија изворите кои сакаа да останат анонимни.

Тие додадоа дека МИТ добил разузнавачки информации кои укажуваат дека терористот планирал нов терористички акт против безбедносните сили долж границата.

Операцијата е започната откако е откриено дека терористот е во напредна фаза на финализирање на терористичкиот акт.

Извештаите покажуваат дека ПКК/ЈПГ се наоѓа во тешка криза на раководството во Ајн ал Араб, поради тоа што турските разузнавачки сили ги неутрализираат терористите кои се испраќаат во регионот.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК – која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ – е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Традиционално сечење бадникови гранчиња, на Бадник ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм

Следно

Нетанјаху: Цената на војната во Газа е многу висока за израелската војска

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop