Исфрлаа гости, почна тепачка, настана метеж и сплавот почна да тоне – сведочи младо момче за настаните на „Картел“

December 24, 2023
2 mins read

Сплавот „Картел“ на кејот на Сава во Белград почнал да тоне ноќеска триесетина минути по полноќ додека на него се наоѓале голем број млади луѓе, претежно средношлколци

„Бевме 15-тина пријатели, бидејќи јас прв излегов, гледав што се случува, а кога почна да тоне, им се јавив на телефон, но сите беа недостапни. Бев навистина исплашен, мислев дека нема да излезат живи. Сепак, се заврши добро“, раскажува момчето за Телеграф.рс

Млади гости, очевидци на инцидентот во кој потона познатио сплав „Картел“ во Белград сведочат за настаните кои претходеле на тонењето на објектот во реката Сава.  

По тонењето од сплавот „Картел“ над површината на водата остана да се гледа само кровот / Фото: Принтскрин Н1

Велат дека пред сплавот да почне да се навалува и да тоне во реката во него имало тепачка. Гости биле исфрлени од обезбедувањето, настанала расправија и физичка пресметка, по што на мостот, што го спојува сплавот со брегот, дошло до метеж и сплавот почнал да тоне, пишуваат српските медиуми.   

Во тој момент гостите почнале панично да го напуштаат клубот, а драматичните снимки на социјалните мрежи покажуваат како дел од нив во паника скокаат во реката и панично пливаат до брегот.   

„Забавата требаше да трае до два часот, не избркаа околу еден часот. Јас бев првиот кого исфрлија од сплавот. Обезбедувањето не сакаше да ми каже зошто не бркаат. Избркале уште десетина луѓе, а потоа почнала расправија, тепачка, конфликт со обезбедувањето. Потоа сите одеднаш почнаа да излегуваат од сплавот. Кога сите почнаа да се туркаат, сплавот почна да тоне, а мостот да пука. Сите почнаа да врескаат и да пливаат. Беше навистина морничаво“,

вели сведокот за Телеграф.рс

Тој вели дека се загрижил за своите другари кои биле недостапни на мобилните телефони во моментот кога сплавот потонал. 

„Бевме 15-тина пријатели, бидејќи јас прв излегов, гледав што се случува, а кога почна да тоне, им се јавив на телефон, но сите беа недостапни. Бев навистина исплашен, мислев дека нема да излезат живи. Сепак, се заврши добро“, 

додава момчето.

Сплавот „Картел“ на кејот на Сава во Белград почнал да тоне ноќеска додека на него се наоѓале голем број млади луѓе, претежно средношлколци. 

Од објектот, како што пренесуваат денеска српските медиуми, над површината на водата останал да се гледа само кровот.  

Според извештајот на РТС, по инцидентот од сплавот биле евакуирани 30 луѓе. Екипите на белградската Итна помош згрижиле 10 малолентици, додека двајца поради алкохолозирана состојба биле пренесени на Воено-медицинската академија (ВМА).  

Како што пренесува српскиот јавен сервис, сите расположиви единици на Одделението за вонредни состојби учестувале во спасувањето на младите лица кои се нашле на сплавот „Картел“, кој почнал да тоне ноќеска, околу половина час по полноќ. 

Сите 30 лица кои се нашле на „Картел“ биле евакуирани на соседниот сплав, а во акцијата за спасување учестувала речната полиција, жандармеријата, како и 25 припадници на противпожарната и спасувачката единица.   

Во инцидентот нема повредени. 

„Нашите екипи згрижија околу 30 млади луѓе кои беа на сплавот. Тие не беа повредени, но мораа да пливаат во ладна вода и доживеаја голем стрес“,

велат од белградската Итна помош, пренесува Н1.  

Според дежурниот лекар, голем број од младите луѓе биле во алкохолизирана состојба.    

На десетина од нив им била пружена помош на одделот за токсикологија во Воено-медицинската академија (ВМА), а двајца 17-годишнците биле примени во Ургетниот центар на ВМА, јавува Н1. 

Засега сè уште официјално не се познати причините за потонувањето на сплавот.    

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија: Нема загинати и повредени при тонењето на сплав во Белград

Следно

Туркије: Во воздушни напади уништени 29 терористички позиции во северен Ирак и Сирија

Latest from Blog

Манасиевски: Ристоска и Бубевски контролирале сè во СЈО, Јанева делела предмети по насока на Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на
Go toTop