Израелската армија го нападна градот Тулкарем и бегалскиот камп Нур Шамс на окупираниот Западен Брег

December 24, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската армија синоќа изврши рација во градот Тулкарем и бегалскиот камп Нур Шамс во окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Големи сили на израелската армија, придружувани од два воени булдожери, упаднаа во градот од неговата западна оска, објави државната палестинска новинска агенција Вафа.

Беспилотни летала вршеле извидувачки летови, додаде агенцијата.

Објави и дека израелските сили го опколиле Нур Шамс, источно од Тулкарем, и вовеле тешка опсада, истакнувајќи дека булдожерите ја уништиле главната водоснабдителна линија која го напојува Нур Шамс и „ја уништија главната улица во непосредна близина на кампот, како и нејзината инфраструктура.“

Упаднато е и во голем број палестински домови, а избувнаа и жестоки судири меѓу Палестинците и израелските сили.

Ова е трета агресија врз бегалскиот камп овој месец и втора за една недела.

Најмалку пет Палестинци беа убиени во нападите со беспилотни летала на Нур Шамс на 17 декември.

Други 13 Палестинци, меѓу кои пет деца, беа убиени во претходна 30-часовна рација на 19 октомври.

Додека вниманието на светот е насочено кон Газа, каде што траат израелските напади, во кои загинаа над 20.250 Палестинци и доведоа до хуманитарна катастрофа, насилството на окупираниот Западен Брег се зголеми.

Најмалку 300 Палестинци се убиени во судирите со израелските војници, во рациите на апсење и нападите на еврејските доселеници од октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мостот „Беласица” ќе биде затворен за сообраќај поради градежни активности

Следно

ВМРО ДПМНЕ:За ќерката на Мира Дизел нема комплицирани процедури, доби решение за неопределено, а за останатите здравствени работници тоа е невозможно

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop