Израелска Армија: Уште 8 израелски војници загинаа во борбите во Газа

December 24, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште осум израелски војници загинаа во судирите во Појасот Газа вчера (сабота), соопшти денес израелската армија, пренесува Анадолу.

Во соопштението на израелската армија се вели дека постар наредник Надав Исахар Фархи (30) и постар наредник Елијаху Меир Охана (28) се меѓу четворицата убиени во централниот дел на Појасот Газа, додека други четворица се убиени на југот на енклавата.

Во меѓувреме, уште шест војници се тешко повредени, додава израелската армија.

Бројот на загинати израелски офицери и војници од почетокот на војната на 7 октомври се искачи на 484.

По нападот на палестинската група на отпорот Хамас, Израел започна жестоки напади врз Појасот Газа, во кои загинаа најмалку 20.258 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се 53.688, според здравствените власти во енклавата.

Израелските напади ја оставија Газа во урнатини со половина од станбениот фонд оштетен или уништен, речиси 2 милиони луѓе се раселени во густо населената енклава, а постои и голем недостиг на храна и чиста вода.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за одбрана: Од 1 јануари досега неутрализирани се 2.150 терористи

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ужива само 4% рејтинг, тоа покажува дека во Македонија никогаш не се живеело полошо

Latest from Blog

Проданоски оствари средба со словенечкиот амбасадор за зајакнување на соработката

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер. На средбата се разговараше за продлабочување на досегашната успешна соработка и за иницијативата за

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се

Трамп до членките на НАТО: Ако сакате нафта, дојдете и земете ја, нема вистинска закана

Дописничката на CBS News од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која тој сугерираше дека можеби ќе се
Go toTop