Силни безбедносни мерки во Келн и Виена поради можни терористички напади за време на божиќните празници

December 24, 2023
2 mins read

Според полициските соопштенија што ги пренесуваат германските медиуми посебни заштитни мерки се преземаат за безбедноста на катедралите во Келн и Виена, како и на божиќните пазари. Катедралата во Келн се пребарува со полициски кучиња, а на Бадник сите посетители ќе бидат проверувани пред да влезат во црквата

Германската полиција од вечерва спроведува посебни безбедносни мерки во катедралата во Келн поради опасност од можни терористички напади за време на Бадник и Божиќ, пишуваат германските медиуми. 

Германска полиција (Илустративна фотографија) Фото: EPA-EFE/SDMG/KOHLS

Новинската агенција ДПА на социјалната мрежа „Икс“ објави дека според нејзини информации германските безбедносни власти добиле сознанија дека исламистичка група можеби планира да ја нападне катедралата во Келн.   

Весникот „Билд“ на своето онлајн издание вечерва ги пренесува соопштенијата на полицијата дека катедралата во овој град ќе биде под специјални заштитни мерки за време на божиќните празници. 

„Поради предупредувања за опасност за катедралата во Келн, полицијата од оваа вечер ќе преземе посебни заштитни мерки“,

рекол портпаролот на полицијата во Келн. 

Тој додал дека нема да даваат дополнителни коментари додека трае истрагата на службата за државна безбедност која е во тек.  

„Иако референцата се однесува на новогодишната ноќ, ние ќе земеме предвид сè оваа вечер за да ја осигураме безбедноста на посетителите на катедралата на Бадник“,  

соопштил шефот на полицијата во Келн, Мајкл Есер.

Според неговото известување, по вечерната миса катедралата во Келн се пребарува со полициски кучиња, а утре сите посетители ќе бидат проверувани пред да влезат во црквата.  

Денеска и виенската полиција исто така објавила дека го зголемува своето присуство, а како причина оттаму го навеле зголеменото ниво на тревога од тероризам.  

„Бидејќи терористичките актери ширум Европа повикуваат на напади на христијански настани – особено околу 24 декември – безбедносните власти ги зголемија соодветните заштитни мерки на јавните простори во Виена и сојузните држави“,

соопштиле австриските власти.  

Мерките, како што пренесуваат германските медиуми повикувајќи се извештаите на австриските власти, би можеле да вклучат контрола на пристапот до верските објекти, а божиќните пазари исто така ќе бидат под посебен надзор на надлежните служби. 

Под посебен режим на контрола ќе биде катедралата Свети Стефан во Виена.  

„Овие мерки на претпазливост служат за одржување на општата безбедност на луѓето во Австрија. За време на божиќните празници ќе има зголемени полициски мерки на претпазливост. Распоредени се цивилни и униформирани служби за итни случаи со специјална опрема и долго оружје. Полициското внимание е фокусирано првенствено на црквите и верските настани, особено на црковните служби и божиќните пазари. Мерките се преземаат по потреба и може да вклучуваат и контроли на пристап доколку е потребно. Посетителите на настани и црковни служби се замолени да донесат документ за идентификација со фотографија и да останат повеќе време од вообичаено“,

соопштиле надлежните власти во Австрија, пишува „Билд“. 

Според информациите на „Шпигел“ и на австриски „Стандард“, опасноста од напади доаѓа од тероростичка ќелија од Централна Азија која се смета за огранок на Исламска држава (ИД) која ги повикала своите следбеници да извршат терористички напади на Запад.  

На готовс како што пишува „Билд“ е и полицијата во Мадрид, каде исто така службите алармирале за опасност од терористички напади за време на божиќните празници.  

Според информации од безбедносни кругови што ги пренесува германските медиуми викендов имало и претрес во куќа во Германија. Засега нема официјални информации за приведени осомничени, иако „Билд“ повикувајќи се на свои извори пишува дека имало апсења во Виена и едно во Германија.   

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Курти тврди дека Радоичиќ планира нови напади на Косово

Следно

Владината канцеларија за медиуми: Бројот на убиени новинари во Газа се искачи на 101

Latest from Blog

НУУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа 80 години со промоција на монографија

Во Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола вечерва се одржа промоција на монографијата посветена на работата и развојот на библиотеката во периодот од 1945 до 2025 година, во рамките

Судиска комисија до Бешири: „ВАР нема двојни стандарди. Алиби изјавите се најголемото зло во фудбалот”

Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија реагира на изјавата на Јетон Беќири по натпреварот Струга Трим Лум – Шкендија, во која тренерот на тетовскиот клуб обвини за двојни стандарди во користењето

Бијонсе го прослави 44. роденден во проѕирен фустан, фановите воодушевени (ФОТО)

Откако ја заврши својата историска турнеја „Каубој Картер“ во јули, за време на која ја видовме во безброј комбинации со кожни панталони, крзна и каубојски шапки, пејачката се врати на гламурот на

Ужас во циркус: Акробатка паѓа од голема височина, откако виси закачена за косата (ВИДЕО)

Ова е застрашувачкиот момент кога циркуска изведувачка паѓа на земја за време на точка со висење за косата што ѝ пркоси на гравитацијата, објави Мирор. Болничарите ѝ пружија помош на местото на
Go toTop